Есенски одмор на сончевиот Кипар

Авион - автобус - 5 ноќевања со појадок - 6 дена 
Ларнака - Агиа Напа – Фамагуста – Никозија  - Пафос – Афродита -  Солун

Кипар е живописен остров во Средоземното Море кој постојано го привлекува вниманието на илјадници туристи. Оваа област вешто ги комбинира урнатините на античките грчки храмови, остатоци од населби кои датираат од камено време, величествени византиски, па дури и готски катедрали. Ние сакаме во неколку дена да се обидеме да ви ги преставиме  најважните места на островот. Кипар е најголемиот од трите големи медитеранските острови со површина од 9250 км². Релјефот на островот Кипар е различен: песочни плажи и карпести гребени, долини и ридови, борови шуми и планински масиви.

1 ден 18.10.2025 (сабота)  Солун  – Ларнака Состанок на групата на групата на аеродром Солун во 11:00 часот по грчко време и чекирање на лет Wizzair. Полетување за Ларнака во 13:20 часот по грчко време.  Пристигнување на аеродромот во Ларнака во 15:00 часот.  Запознавање со прогрaмата и нашите водичи. Трансфер и сместување во хотел Corfu 4* – Agia Napa www.corfuhotel.com.cy Попладнето слободно време за посета на познатото туристичко место и можност за релаксација на плажа. Уживаме во вечерта меѓу локалното население, атмосфера и храна. Ноќевање.
2 ден 19.10.2025 (недела)   Агиа Напа-Никозија Појадок.  Слободен ден или организирано  (факултативно 60 еур) заминување и посета на главниот град на Кипар – Никозија.  Град поделен на два дела и две временски зони, граница и пасошка контрола.  Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час напред  е  посебно искуство.  Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е  наречен  Laiki Getonia, со голем број на продавници, кафичи, атељеа  и тесни улички. Посета на Кипарскиот Археолошки музеј кој поседува голема колекција  на предмети од преку 9000 годишна историја на островот. Голем број од старите куќи се рестарвирани, а во рамките на стариот град  се наоѓа  Етнографскиот музеј, Катедралата на Св Јован, големата палата на  Архиепископот  Макариос III првиот и доживотен претседател на републиката, како и најголемата банка на Кипар за која се вели дека е во сопственост на Кипарската православна цркава. Ќе го посетиме Бујук Хан. Слободно време за ручек – факултативно. По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот ѕид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел. Враќање во хотел во Агиа Напа.  Слободна вечер со можност за искусување на ноќниот живот. Ноќевање.
3 ден 20.10.2025 (понеделник)  Агиа Напа – Северот на Кипар – Фамагуста Појадок. Слободен ден или организирана  екскурзија (факултативно 70 еур)  на Фамагуста. Екскурзијата ја започнуваме со застанување на чек-поинтот Деринија каде ќе се запознаеме со историски моменти на Кипар, со отворање на два контролни пункта по повеќе од половина век. Официјални лица од двете страни ги отвориле ови гранични премини  за првпат по многу години, поддржани од ОН. Поделените кипарски Грци поминувале низ источниот граничен пункт Деринија, минувајќи покрај мировниците на Обединетите нации кон отцепениот север поддржан од Турција. Во исто време, преминот Лефка-Аплики бил отворен во северозападниот дел на источниот медитерански остров. Пред повторното отворање на преминот Деринија, војниците ги отстраниле бариерите завиткани со ‘рѓосана бодликава жица. Продолжуваме кон Градот на Духовите-Фамагуста. Фамагуста, грчки Амохостос, турски Гази Магуса, главно пристаниште во делот на северен Кипар под управа на кипарските Турци. Лежи на источниот брег на островот во заливот помеѓу Кејп Греко и Елоеа и е на околу 50 км источно од Никозија. Пристаништето се одликува како најдлабокото пристаниште на Кипар. Фамагуста е франска кованица на неговото грчко име, што значи „закопана во песок“, опис на заленото устие на реката Педиеос северно од градот. Основана е како Арсиноа од македонскиот египетски крал Птоломеј II (308–246 п.н.е.). Ќе ја посетиме Готската црква Св.Никола. Враќање во Агиа Напа. Слободна вечер. Ноќевање.
4 ден 21.10.2025 (вторник) Агиа Напа- Пафос- Лимасол – плажа Афродита Појадок. Слободен ден или можност за организирана посета (факултативно 80 еур)  на Пафос и митското место каде е родена божицата Афродита (старогрчки: Ἀφροδίτη) — старогрчка божица на убавината, сензуалната љубов и плодноста. Значењето на нејзиното име е непознато, иако старите Грци верувале дека тоа се однесува на пената. Многу е веројатно дека ова верување произлегува од приказната за нејзиното раѓање. Родена од морската пена Според едно старо предание, кое го застапувал и Хомер, таа била ќерка на Зевс и Диона; а според поново, кон кое се придржувал Хесиод, родена е од морска пена (ἀφρός) која се создала кога Крон ги фрлил гениталиите на Уран во морето. Веднаш по раѓањето, излегла од морето на брегот на островот Кипар. Одовде нејзините атрибути се: Ἀφρογενεια (родена од пена), Αναδυόμενη (која се појавува, излегува), Κυπρογένεια (родена на Кипар). Божицата Афродита била особено почитувана на островите Китера и Кипар, како и на кипарскиот град Пафос, каде бил изграден голем храм во нејзина чест. Божица на плодноста Првично, кипарската Афродита, најверојатно била божица на плодноста, многу слична на блискоисточната божица Иштар-Астарта. Појавувајќи се меѓу Грците, таа била персонифицирана со сексуалност и усрдно обожувана како универзална сила. Многу локални светилишта посветени на неа биле изградени ширум копнениот дел на Грција, а нејзините култови различно се менувале од место до место. Илјадници туристи го посетуваат ова место зашто постои верување дека дава плодност. Потоа продолжуваме кон Замокот Пафос Оваа тврдина е една од главните атракции на Кипар. Го граделе Византијците, но по најсилниот земјотрес во XIII век бил скоро целосно уништен. Утврдувањето било обновено, но веќе во XIV век Венецијанците сами го расклопувале за да не падне зградата на турските војски што напредувале. После долг отпор, Османлиите успеале да го заземат градот и во 16 век тие сами изградиле на местото на величествениот замок, кој преживеал до денес. Долго време имаше затвор во рамките на неговите sидови, но сега се водат екскурзии за бројните туристи. Заминување кон Лимасол  – вториот по големина град на Кипар, кој се наоѓа на јужниот брег и е познат по своите плажи и архитектонски знаменитости. Историјата на градот има повеќе од 4000 години и се поврзува со неколку култури и епохи. Во градот живеат потомци на античките Грци и Турци. Местото Лимасол – античка архитектура, одлична клима и многу можности за интересни забава. Лимасол се смета за еден од најпознатите весели градови на островот, често е домаќин на разни фестивали – цвеќиња, вино, жетва. Новата година започнува со карневал кој ги вклучува локалните жители и посетители. Климата дозволува посети на островот во секое време од годината, воздухот и температурата на водата не паѓаат под 17С° и сонцето сјае речиси секој ден. Екот на сезоната во Лимасол трае од мај до октомври. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден 22.102025 (среда) Агиа Напа – Кејп Греко  Слободен ден или можност за индивидуална посета на Кејп Греко (опционално) кој е достапен со јавен превоз од местото каде што сме сметени (5 Еур повратна карта). Сместен помеѓу Аја Напа и Протарас, овој крајбрежен национален парк нуди неверојатен поглед на морето, природни патеки и можност за истражување на морските пештери и нуркање во кристално чисти води. Кејп Греко е девствена област која не била предмет на човечка интервенција. Повеќе од 400 растителни видови, неколку стотици животни и птици преселници може да се најдат во националниот парк. Ловот во оваа област е строго забранет, благодарение на што е зачувана природната разновидност. Враќање во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.
6 ден 23.10.2025 (четврток)  Агиа Напа-Ларнака- Солун  Појадок. Одјавување од хотел во 09:00 часот. Трансфер до аеродромот во Ларнака во 14:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување од Ларнака во 19:40  часот, а пристигнување во Солун во 21:55 часот.  Заминување за Македонија за групата со организиран превоз  и пристинување во вечерните часови.

Редовна цена на аранжманот: 519 Еур (32.180 денари)
Цена за уплата до 31.08.2025:  483 Еур (29.950 денари)
Доплата за еднокреветна соба 149 Еур 
прво и второ дете од 2-12 години 399 Еур

Во цената се вклучени следниве услуги:
– Авиобилет Солун-Ларнака-Солун со вклучен рачен багаж (30х40х20- 10кг)
– Трансфери аеродром Ларнака-хотел и обратно
– 5 ноќевања со појадок  во  хотел Corfu  4* (плажа, базени) во Агиа Напа http://www.corfuhotel.com.cy/
- Организација и водство на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:
– Организиран трансфер (Скопје /Битола -Солун – Битола/Скопје) 50 Еур
– Екскурзија  Никозија 60 Еур
– Ексурзија Фамагуста  70 Еур
– Екскурзија Пафос-Афродити 80 Еур
– Багаж 10кг (55 x 40 x 23 cm)– информација во агенција
– Туристичка такса 1,5€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
– Влезници за посета на локалитетите
– Доплата трансфер други градови Охрид, Струга, Ресен, Штип 10 Еур
– Паркинг аеродром Солун (35 Еур/ кола /5 дена)
– Патничко и здравствено осигурување 150 мкд

Доплата за повратен трансфер во МК: Ресен, Охрид, Струга, Штип  10 Еур/лице
НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Важат Општите услови за патување