Хотел SPARTAK 3* (ex. Sv.Nikola) – Сандански

Во подножјето на Пирин планина, во центарот на градот Сандански се наоѓа некогашен хотел Свети Никола, сега СПАРТАК . СПА центарот на хотел “Свети Никола” се напојува со минерална вода 75 ° С од  природен извор. Минералната вода во комбинација со уникатната клима на градот нуди можност за вистинска релаксација. Хотелот има 63 двокреветни соби, 21 еднокреветни соби и 7 апартмани. Располага со: СПА центар: затворен базен со минерална вода, сауна, римска бања, солна соба, фитнес; безжичен интернет;
снек бар, пиано бар, основен ресторан, ресторан Плумари, конференциска сала  …


Цените се по соба – ноќевања со појадок / сопствен превоз /

сместување

недела-четврток

петок и сабота

Еднокреветна стандарт

55

66

Двокреветна стандарт

60

70

Еднокреветна класик

66

76

Двокреветна класик

78

86

Фамилијарна соба

170

180

 

Цените се во € за плаќање во денарска противвредност по курс 1€=62мкд


Цените се по соба на ден и вклучуваат:
1 ноќевање со појадок на шведска маса,
Бесплатно користење на внатрешен базен со минерална вода,
надворешно термално џакузи, сауна, римска бања, солена соба, теретана, хотелско осигурување, туристичка такса, бесплатен паркинг

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување

Напомени !
Деца до 3,99 години престојуваат бесплатно и не добиваат услуга
Понудата важи до 23.12.23 со исклучок на верски, државни празници….
Доплата за ручек или вечера на сет мени : возрасен 16 €, дете 4-12 г. 10 €
Превземање на собата – после 14:00 часот.
Напуштање на собата – до 12:00 ч


Сместување: 57 двокреветни, 21 еднокреветни соби.

Двокреветна соба класик: (Брачен кревет или два единечни, нова гарнитура )
Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 12 год.

Двокреветна соба стандард: (Брачен кревет или два единечни )
капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 12 год.

Еднокреветна соба класик: (Единечен кревет, нов мебел )
Максимален капацитет: 1 возрасен

Еднокреветна соба стандард: (Единечен кревет )
Максимален капацитет: 1 возрасен

Студио: (еден брачен кревет и софа на расклопување)
Максимален капацитет 3 возрасни или 2 возрасни и 1 дете до 12 години