ПРВОМАЈСКИ И ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
САНТОРИНИ

Термин 02 Мај

 

1 ДЕН СКОПЈЕ - ПИРЕА Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15 00ч. Се патува преку граничен премин Богородица со попатни паузи. 

2 ДЕН ПИРЕА – САНТОРИНИ Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување. Препорачуваме посета на Пиргос, највисокото населено место на островот, прошетка низ тесните калдрмени улички.... ќе се искачиме до црквата Света Марија и старата Венецијанска тврдина (една од петте на островот). Враќање во хотел.  Ноќевање.

3 ДЕН САНТОРИНИ  Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI. Посета на селцето Акротири, одиме кон црвената плажа со можност за фотографирање. Продолжуваме кон автентичните  живописни селца на островот, Мегалохори и Емпорио... Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во хотел во вечерните часови.Ноќевање.

4 ДЕН САНТОРИНИ Појадок.Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдера до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води. Враќање на старото пристаниште од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини.  Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш или со жичара или со магариња. Слободно време во Фира за индивидуални прошетки низ Фира и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во попладневните часови. Слободно време за краток одмор. Предлагаме  факултативна посета на Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце на светот. Слободно време за прошетки низ теснните улички со бели црквич со сини куполи. Ноќевање.

5 ДЕН САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина. Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во утринските часови наредниот ден на 07 Мај.  .

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 15.02. 2024: 299/ 18.540 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 329/ 20.400 денари

 

 ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

- превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Пиреа – Скопје

- трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа 

- трансфер пристаниште – хотел - пристаниште

- 3 ноќевања со појадок  во хотел со 3* во Периса

-организација и придружник на патувањето

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултатувни излети и програми

- Oia (Иа), залез на сонце - 20€

- Full day Santorini – 50€ (превоз + водич)

- Kaldera morning  -( крстарење со брод+водич)- 50€

- Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј (превоз+влезница за винарија+водич) – 40€

-  Посета на Пиргос 15€

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 155 Еур по лице 

 

- еднокреветна соба 4.200 денари

- задолжително патничко осигурување 300 денари

- Туристичка такса ( 6 еур по лице за три ноќи- се плаќа во агенција)

- Доплата за седиште по избор 20€

- Доплата задополнително седиште 150€

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Останатите услови на патување важат според годишната програма на организаторот
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.