ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 3 дена / 2 ноќевања со појадок

11.Октомври (петок) СКОПЈЕ – СОЛУН – ПАРАЛИЈА  Состанок на групата на паркингот спроти СЦ “Борис Трајковски” во 06:30 часот наутро. Поаѓање за Грција во 07:00ч. кон граничниот премин Богородица - Евзони. Попатна посета на Солун. Разглед на градот: Виа Игнатиа, црквата Св.Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7 век, Римскиот форум, црквите Ротонда, Св.Софија, плоштадот Аристотелис, Белата кула... можност за посета на Археолошкиот музеј во кој се изложени значајни ископини пронајдени на македонско - антички локалитети. Попладне, патувањето продолжува кон Паралија. Сметување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.

12.Октомври (сабота)   ДИОН – ОЛИМП – ЛИТОХОРО  Појадок. Заминување на прошетка низ регионот Пиерија. Посета на археолошки локалитет Дион со бројните ископини и остатоци од трите цивилизаци, посета на планинското градче Литохоро сместено во подножјето на планината Олимп кое нуди прекрасна можност за запознавање со старата архитектура во регионот Македонија, како и на етно селото “Palaios Panteleimonas” со можност за ручек во некоја од бројните таверни, или купување на етно-сувенири од домашно производство на локалните жители. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
13.Октомври (недела) ВЕРГИНА – ПЕЛА – ВОДЕН – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување на целодневен излет низ регионот на Македонија со посета на археолошкиот локалитет Вергина (Кутлеш) - древната престолнина на македонскиот крал Филип Втори, локалитетот Пела (Постол) - престолнината на Античка Македонија од времето на Александар Македонски, градот Едеса (Воден) со неговите познати водопади, како и Флорина (Лерин) со можност за куса прошетка и ручек. Патувањето продолжува кон Скопје со пристугнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот:                        115€ (7.130,00 мкд)


Во цената на аранжманот е вклучено: 

- Превоз со автобус на наведената релација
- Сместување во хотел со 3* во Паралија, на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи и посети според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Влезници при посета на музеите и археолошките локалитети
- Патничко здраствено осигуривање 
- Туристичка такса (1,5 €) по соба од ден, наплата на рецепција во хотелот

НАПОМЕНИ:
- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за сместување во двокреветна соба
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За реализација на факултативите е потребен минимум од 30 патници
- Цените се дадени во EUR, за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или го ограничат влезот
* Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници, да ја промени цената на факултативните излети, или истите да ги откаже
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ