1 ДЕН 10.10.2024 СКОПЈЕ Состанок на групата во 10 30 ч. Поаѓање во 11:00 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Денско и ноќно возење со попатни паузи.
2 ДЕН 11.10.2024 ФЕРАРА- РИМИНИ Во утринските часови пристигнување во Ферара, еден од најголемите центри на уметноста во Италија во 16-ти век. Прошетка во стариот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО. Во градот доминираат ренесансни градби а со својата убавина посебно се истакнува дворецот на властелинското семејството Д’Есте. Слободно време за испивање на утринското кафе... продолжуваме кон Римини. Oчекувано пристигнување во Римини во пладневните часови, започнуваме со прошетка низ стариот дел на градот ( факултативно) ... катедралата Tempio Malatestiano, изградена во 11-иот век, триумфалната капија, мостот на Тиберие... Сместување во хотел. По сместувањето, слободно време за одмор и индивидуални прошетки... Ноќевање.
03 ДЕН 12.10.2024 САН МАРИНО – РАВЕНА Појадок. По појадокот препорачуваме целодневен излет до Равена и Сан Марино. Во рамката на своите древни зидини, Равена ги чува богатите мозаички наследства, од кои повеќето датираат од 5-ти и 6-ти век... од тие причини ранохристијанските и византиските цркви и крстилници се признаени како дел од светското културно наследство на УНЕСКО. По пристигнувањето во Равена ќе го посетиме гробот на Данте Алигиери, творецот на модерниот италијански јазик и автор на Божествената комедија... ќе ја слушнеме и приказната за највлијателниот италијански поет на сите времиња, прошетка до базиликата Сан Витале. Кафе пауза. Продолжуваме накај Сан Марино, по пристигнувањето прошетка до базиликата Сан Марина и Народната палата... слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Во доцните попладневни часови враќање во Римини. Ноќевање.
04 ДЕН 13.10.2024 ПАРМА - МОДЕНА: Појадок. Препорачуваме целодневен излет до Парма и Модена. Парма е втор град по големина во регијата и е позната по производство на пармезан и шунка... Прошетка низ центарот на градот, плоштадот Гарибалди, романичката катедрала и крстилницата од 11 век. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Продолжуваме кон Модена, родниот град на светски мпознатиот тенор Лучиано Павароти, но и како “престолнина на машини “, заради фабриките на најпознатите италијански производители на автомобили како Ферари, Масерати, Пагани и Де Томасо. Прошетката започнува со стариот дел на градот и D’uomo-то, една од најубавите романички катедрали во Италија, кулата Ghirlandina, симболот на ривалството помеѓу Болоња и и Модена. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање за Римини. Ноќевање.
05 ДЕН 14.10.2024 РИМИНИ – БОЛОЊА- СКОПЈЕ: Појадок. Одјавување од хотел. Задолжителна целодневна посета на Болоња. По пристигнувањето следи пешачка прошетка низ градот и запознавање со Универзитетска Болоња, величествен средновековен град со ренесансни палати и аркади. Центарот на градот го сочинуаат два идентични плоштади Маѓоре и Нептуно, палатата на кралот Енцо, базиликата на Св. Петроние, фонтаната Нептун... Болоња го носи епитетот – учена, црвена и дебела... учена заради универзитетот и ориентација кон културата и образованието, црвена заради теракотните фасади и кровови и дебела заради богатата и врвна болоњска кујна. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во договорено време, состанок на групата и поаѓање накај Македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
06 ДЕН 15.10.2024 СКОПЈЕ: Очекувано Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.08.2024: 189€ / 11.720 ден РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 € / 12.960 ден |
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ: