1 ден 10.10.2024 СКОПЈЕ-ДРАЧ-БАРИ-РИМ: Состанок на групата во 09.00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 09:30ч. Се патува преку Албанија граничен премин Ќафасан кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во 22:30ч. Ноќно пловење кон Бари.
2 ден 11.10.2024 БАРИ –ПОМПЕЈА-НЕАПОЛ- РИМ: Пристигнување во Бари во 08.00. Продолжуваме кон Рим, предлагаме факултативна посета на античкиот град Помпеја кој бил комплетно уништен и затрупан под пепел по катастрофалната ерупција на вулканот Везув во 79 г. Потоа одиме на прошетка низ Неапол: Плоштадите Данте и Белини. Пристигнување во Рим во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 12.10.2024 РИМ –– ТИВОЛИ: Појадок. Предпладне предлагаме разглед на Рим со локален стручен водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Фонтана Ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот... Потоа предлагаме прекрасен факултативен излет до Тиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д’Есте. Враќање во Рим. Слободно попладне за ручек, кафе и индивидуални активности Ноќевање.
4 ден 13.10.2024 РИМ - ВАТИКАН –ROME BY NIGHT: Појадок. Предпладне посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Систинската Капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Слободно време за индивидуални прошетки и активности во центарот на Рим... Предлагаме и вечерна прошетка Roma by night ( панорамска со автобус).. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден 14.10.2024 РИМ - АРБЕЛОБЕЛО-БАРИ: Појадок. Одјавување од хотел. Заминуваме на факултативна посета на Алберобело. Во самото срце на Пулија, се наоѓа сликовитото гратче Алберобело, познато по карактеристичните бели куќички со конусни кровови - трули, заштитен знак на Алберобело но и на целата регија... куќи направени од варовник со кровови во облик на кула и целото село потсетува на селото на штрумфовите. Со својата единствена и уникатна архитектура Алберобело се наоѓа на листат на УНЕСКО. Куќите се градени на начин да можат многу брзо да се демонтираат за да се избегне феудалниот порез... кога кралевите порезници ќе заминат, преку ноќ се граделе нови куќички. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договор со водичот заминуваме кон Бари. Следи процедура за качување на брод. Ноќно пловење
6 ден 15.10.2024 СКОПЈЕ: Пристигнување во Драч во претпладневните часови. Патувањето продолжува кон Македонија. Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 31.08.2024: 329€ / 20.400 ден ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 369€ / 22.880 ден |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНИ: