ЕЗЕРО БАЛАТОН-ИДИЛИЧНО ОСВЕЖУВАЊЕ НА УНГАРСКОТО „МОРЕ“

БАЛАТОНФУРЕД-ТИХАЊ-ТАПОЛКА-ВЕСПРЕМ

 

(09.10.2024 – 14.10.2024)

 

Ве водиме во земјата на смирениот вулкан, во престолнината на лавандата... Ве водиме на најголемото езеро во средна Европа каде Бетовен ја напишал „Месечева соната“... Ве водиме на патување низ помалку познатата страна на Унгарија!

 

Прв ден: 09.10.2024 (среда)   Заминување на групата во 21:30 часот од Скопје кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце. Ноќно патување со попатни паузи.

 

Втор ден:10.10.2024 (четврток) Пристигнување во утринските часови на најсеверниот дел од Бачка, во Суботица, а од таму се упатуваме кон границата со Унгарија преку граничниот премин Келебија. Патувањето продолжува кон Балатон, најголемото езеро во средна Европа. Пристигнување во Балатонфуред, градот кој со класицистичките градби од ерата на реформацијата, прекрасни паркови и калдрмени улици ќе Ве вратат назад во минатото. Тука секоја зграда има своја приказна, а најпознатото шеталиште  го добило името по познатиот индиски поет и нобеловец Рабиндранат Тагоре. На крајот од шеталиштето, лоциран покрај плажата со поглед кон езерото и полуостровот Тихањ се наоѓа хотелот во кој ќе бидеме сместени: Danubius Hotel Marina 3* (https://www.danubiushotels.com/hu/szallodak-balatonfured/hotel-marina  ). Сместен во голем зелен парк, покрај останатите содржини на гостите им нуди внатрешен базен и сауна. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Вечера на шведска маса на all inclusive услуга. Ноќевање.

Трети ден: 11.10.2024 (петок) Појадок. Подигаме од хотелот ладен lunch packet за ручек за целата група и со лиценциран туристички водич заминуваме кон полуостровот Тихањ. Полуостровот е особено интересен бидејќи тука многу одамна имало активен вулкан, а истоимениот град е сместен на врвот на полуостровот од каде се простира прекрасна панорама на тиркизната езерска долина. Организирана прошетка низ ова шармантно гратче со одлично сочувани традиционални куќи-денес адаптирани во ресторани и кафетерии и со прекрасно уредени дворови во кои успева лавандата. Всушност, кога ќе се спомене полуостровот Тихањ на многумина прва асоцијација им е лавандата која овде е засадена во далечната 1920 година со првата садница донесена од Франција. Уште еден бисер на полуостровот привлекува туристи од целиот свет-Бенедиктинската Опатија која во 1055 година ја основал унгарскиот крал Андреј Први. Организиран разглед на Црквата и Музејот во кој се наоѓаат уметнички дела со непроценлива вредност: слики, дрвени скулптури и дрвени олтари. Кралот е погребан во оваа црква, па така Тихањ е единствено место каде до денес е сочуван гробот на еден крал од династијата Arpadovic . Потоа слободно време за индивидуални прошетки низ градот кој изобилува со сувенири и со локални специјалитети од кои најпопуларен е сладоледот од лаванда. Во попладневните часови враќање во хотелот. Уживање во содржините на хотелот или прошетка покрај езерото Балатон. Вечера. Ноќевање.

Четврти ден: 12.10.2024 (сабота) Појадок. Подигаме од хотелот ладен lunch packet за ручек за целата група и со лиценциран туристички водич заминуваме кон градот Таполка. Во самиот центар на градот има мало езеро, но главната атракција овде е подземната пештера долга 5 километри, од кои 3 километри е езеро. Подземната пештера и езерото се откриени во далечната 1903 година и се наоѓаат на 20 метри под самиот центар на градот. Пештерскиот воздух со речиси 100% влажност, висока содржина на калциум и константна температура од 20°C се користи за лекување на респираторни заболувања, па дел од пештерата е искористен и како мала бања. Таполка е уникатна затоа што не постои друго место во светот што нуди толку обемен пештерски систем под населено место низ кое може да се плови со чамци низ подземното езеро. По оваа несекојдневна авантура, се враќаме назад во хотелот. Слободно попладне за индивидуални активности и уживање во внатрешниот базен на хотелот. Вечера. Ноќевање.

 

Петти ден: 13.10.2024 (недела)  Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Веспрем, град кој плени со својата барокна архитектура. Веспрем е еден од најважните градови од периодот на средниот век, градот кој бил првиот христијански центар на Унгарците по нивното пристигнувањето во Панонската Низина и нивното примање на христијанската вера. Разглед на центарот на градот со лиценциран туристички водич: Замокот, Бискупската Палата, Градскиот Музеј, Споменикот на Света Троица и Базиликата Св. Михаил. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време го продолжуваме патувањето кон Македонија. Пристигнување на 14.10. во претпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ    389 евра (24.120 денари)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус

- Три ноќевања во хотелот Danubius Hotel Marina 3* на услуга All Inclusive (за време на излетите групата за ручек добива ладен lunch packet)

- Безалкохолни пијалоци, кафе, чај, трпезно вино, точено пиво, локални алкохолни пијалоци

- Користење на внатрешниот базен во хотелот

- Влезница во Музејот на Бенедиктинската Опатија

- Влезница за подземното езеро Таполка и возење со чамец

- Лиценциран туристички водич за време на сите разгледи

- Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Патничко осигурување

- Доплата за еднокреветна соба – 105 евра (за сите три вечери)

- Доплата за туристичка такса – 350 денари по лице за сите три вечери (се плаќа во агенцијата)

 

 

За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници