ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ПАРОС-НАКСОС-МИКОНОС
08 – 13 Октомври / 4 ноќевања
Парос е населен од 3200 п.н.е., според
ископувањата што се одвиваат на островот Салиагос, кој се наоѓа помеѓу Парос и
Антипарос. Според митологијата, Критскиот Алкаос бил првиот крал на Парос и
изградил град на местото на сегашниот главен град Парикија. Парос е родното
место на многу древни поети, како што е лирискиот поет Архилох, кој прв во
неговите песни користел лични елементи, а не херојски. Во античките времиња,
Парос бил познат, низ Средоземното Море, поради својот висок полу-транспарентен
мермер, пронајден во Каменоломите на Марати. Истиот се користел и за изградба
на многу уметнички дела и ремек-дела како што се Храмот на Аполо на Делос,
Венера Милос, статуата на Хермес во Олимпија и многу други. Голем дел од
историјата на Парос сеуште се наоѓа во многу делови од островот од античко до
модерно време. ПАРОС е во центарот на Кикладите. Има површина од 195 квадратни
километри, крајбрежје од 119 км. и население од околу 12.800 жители. Островот е
познат по квалитетот на виното, црвено и бело. Парос одамна е добро позната
туристичка атракција, една од омилените острови за посетителите, заедно со
Миконос, Иос и Санторини. Прекрасниот главен град Парикија, шармантното село
Науса и извонредните плажи се меѓу најпопуларните негови карактеристики, кои
придонесоа да биде прогласен за НАЈДОБАР и НАПОПУЛАРЕН ОСТРОВ на МЕДИТЕРАНОТ
за 2018 година.
1 ДЕН (08.10.24 – вторник) БИТОЛА: (бесплатен трансфер на патници од Скопје) Состанок на групата на Градската автобуска станица во 17.00 часот. Поаѓање за Грција во 17.15 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа...ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
2 ДЕН (09.10.24 – среда): ПИРЕА – ПАРОС Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект (BLUE STAR FERRIES) и поаѓање за Парос во 07.25 часот. Планирано пристигање на Парос околу 11.30 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или уживање на плажата во Livathia...Во вечерните часови – прошетка низ ПАРИКИА главниот град на Парос, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во касните вечерни часови со нашиот автобус, враќање во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН (10.10.’24 – четврток): ПАРОС Појадок. Слободно време, или факултативен целодневен излет – СКРИЕНАТА УБАВИНА на ПАРОС...ќе имате можност да се сретнете со историјата, традицијата и модерниот живот на островот…средба помеѓу просторот и времето на Парос! Парикија, главниот град на Парос, ќе биде нашата прва дестинација. Можете да го посетите Археолошкиот музеј во Парос, посета на пост-Византиската црква Eka-tontapiliani (црква со 100 врати) една од најстарите цркви на Медитеранот – датира уште од 4.век од Новата Ера, прошетка помеѓу тесните улици на Парикија каде ќе се сретнете со сите различни архитектонски стилови, се до замокот на Франките (Крстоносците) и терасата на античкиот храм на Атина, божицата на мудроста...за цело времетраење од околу 2 часа (колку е предвидено за посета на Парикиа) - ќе имате одлични моменти за фотографии...20 минути возење не делат до нашата втора дестинација, Науса – најживописниот дел од Парос ! Воодушевувачкото место Naoussa е прекрасно во текот на утрото и шармантно за време на зајдисонцето. Малото рибарско пристаниште со традиционалните рибарски бродови т.н. kaique (каики), создава уникатна глетка. Бело – варосаните куќарки расфрлани низ тесните улички, од модерните времиња Ве враќаат во некоја друга ера и Ви нудат можност да се чувствувате како скапоцен пријател на островот...во втората половина од 18.век, ова пристаниште било седиште на Руската флота и трговски центар на островот...посета на црквата Св. Атанасиј (17.век), можност за посета на некој од неколкуте Византиски музеи кои поседуваат икони од 12. и 13.век...нашето патување продолжува кон Лефкес – автентично село, едно од двете планински села на островот - 400 м. над нивото на морето. Таму некој може да ја посети куќата на литературата, неокласичните згради и прекрасните мали плоштади. Црквата Agia Triada (Св.Тројство) гордо стои на највисоката точка и ги поздравува сите гости. Се упатуваме кон Marpissa - селото што се именувало по истоимената преубава нимфа...тоа е доминантно во источниот дел на островот. Се смета за еден од најубавите со бројни капели, убави урбани Кикладски куќи и фолклорен музеј каде традицијата е зачувана. Покрај тоа, тука се наоѓа и музејот на скулптурата - Николаос Перантинос, еден од најпознатите скулптори на 20. век во Грција. Се упатуваме кон местото Piso Livadi - убаво мирно рибарско пристаниште близу плажата Логарас...тоа е одлично за пауза, капење или индивидуален ручек, каде ќе можете да уживате во специјалитетите кои Ви ги нудат локалните таверни...нашата последна станица за денес е Дриос - мирна зелена оаза, кое може е мало село, но е иновативно! Ќе најдете исклучителен мини-пазар Anousakis со ретки и внимателно избрани гурмански производи од интернационалната кујна. Локалните жители на Дриос се отворени и среќни и сакаат да ве водат околу областа. Многу локални жители призведуваат земјоделски производи и одгледуваат добиток, па лесно ќе најдете свежи локални овошја и зеленчук, вино, мед, јајца и локално сирење - директно од производителите или од локалните продавници за храна. Враќање во хотелот во раните вечерни часови. Слободно време. Ноќевање.
4 ДЕН (11.10.24 – петок): ПАРОС – ИКАРИА – КУФОНИСИ (“мали Киклади“) Појадок. По појадокот – слободно време или факултативен целодневен излет (со вклучен ручек) – крстарење со традиционален „КАИКИ“ брод, посета на јужниот и југоисточниот дел на островот Наксос, капење во кристално чистото зелено-сино море на островчето Куфониси...поаѓање од Писо Ливади во 09.30 часот. За време на пловењето – презентација на сатницата на екскурзијата со наутичка мапа и сл...по еден час – пристигнуваме во малиот залив на Агиос Состис, живописен брег на јужниот дел од Наксос со мала капела – подигната од рибар, како благодарност што овој залив му дал засолниште од големата бура...околу пладне застанување за нашето второ капење, кај пештерите на Като Куфониси...се упатуваме кон уникатните пештери на Гларониси (мало островче помеѓу Като Куфониси и Пано Куфониси) и повторно се разбира – капење...околу 14.00 часот, бродот се усидрува кај Като Куфониси, за капење и ручек (Грчка салата, ѕаѕики, руска салата, печен леб, сувлаки, овошје и пијалок – вода, вино, узо, пиво, сок...). Околу 15.00 часот се приближуваме од морска страна кон селото Куфониси, да го погледнеме истото...последна станица за капење ќе биде кај прекрасната пештера Рина...во 16.30 поаѓање за Писо Ливади и планирано пристигнување во местото околу 18.30 часот. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ДЕН (12.10.24 – сабота): ПАРОС – ДЕЛОС – МИКОНОС Појадок. По појадокот – слободно време, или факултативен целодневен излет со локален водич до Делос – еден од најинтересните археолошки локалитети во Грција, каде туристите ќе бидат изненадени од начинот на кој живееле Античките Грци...место кое посетителот ќе го однесе во античката ера (за влез во археолошкиот локалитет и музеј се плаќа дополнително на влезот од истиот)...по двочасовната посета на Делос (по 30-минутно пловење), пристигнуваме на космополитскиот Миконос, еден од најпопуларните и најпознатите острови на Кикладскиот архипелаг и воопшто во светот...3 часа се доволни да направите мноштво слики пред „Мала Венеција“ (ALEFKANTRA) – место кое за миг ќе Ве „пренесе“ во вистинската Венеција, да уживате покрај морето, пиејќи кафе и уживате во петте ветерници пред Вас, додека црквата Парапортиани ќе Ве остави без здив...прошетка низ Хора – центарот на Миконос, каде – ако имаме среќа, можеби ќе сретнеме некоја славна личност од светскиот џет-сет на кои Миконос им е омилена дестинација преку целата сезона...враќање на Парос во касните попладневни часови. Трансфер до хотел. Ноќевање.
6 ДЕН (13.10.24 – недела): ПАРОС – ПИРЕА Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Заминување за Парикиа, слободно време до доаѓањето на траектот. Трансфер на траект во 18.30 часот. Поаѓање за Пиреа во 19.15 часот. Пристигнување во Пиреа околу 23.30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола/Скопје во раните утрински часови – наредниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 18.540 денари (299 €) – FIRST MINUTE ЦЕНА (за уплати до 01.09.2024! ) 21.640 денари (349 €) – РЕДОВНА ЦЕНА |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз на горенаведената релација;
- ferry трансфер на релација Пиреа – Парос – Пиреа;
- 4 Н/П (ноќевање со појадок) во хотел со 3* на Парос;
- трансфер со автобус од пристаниште во Парос – хотел – пристаниште;
- организација, водство и реализација на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (290 денари по лице).
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВИ:
- Целодневен излет низ Парос (трети ден; автобус+локален водич) – 40 € по лице;
- Крстарењето со брод – (четврти ден - Икариа – Куфониси) – 60 € по лице;
- крстарењето со брод (петти ден - Делос – Миконос, трансфер + брод + локален водич) – 80 € по лице
- ВАЖНО : Минималниот број на патници за изведување на факултативата е 25.
НАПОМЕНА :
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 30 патници, во
спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е
најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го
задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.