МАЈСКИ ПАТУВАЊА
ИТАЛИЈА
БИСЕРИТЕ НА АПУЛИЈА
(со вклучени екскурзии до селцето од бајките Алберобело, мистичната Матера и барокниот бисер Мартина Франка)

18 – 25 Мај / 7 ноќи, 8 дена / чартер лет од Софија до Бари

Прв ден (сабота)  Состанок на аеродромот во Софија и лет до Бари со чартер компанија. По пристигањето во Бари следува туристичка тура низ градот – главниот град на областа Апулија. Трансфер до хотелот (околу час и пол) Сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
Втор ден (недела) Појадок. Информативен состанок со водичот. Екскурзија до Алберобело и Локоротондо (вклучена во цена) – најубавите мали бели градови во Италија. Алберобело е град со посебен шарм, ќе помислите дека сте во некоја бајка. Главниот град на ‘’трулите„ – мали бели куќички со конусен покрив изградени без никакво лепење ќе ве однесе во светот на бајките.Во близина на главниот плоштад се наоѓа црквата Санта Луција како и градскиот музеј Територио. Музејот е направен од 10 трули споени во едно и таму можете да ја видите историјата на создавањето на трулите и како нивните жители живееле во нив во минатото.  Алберобело има и други помали музеи кои на туристите им нудат сувенири и речиси се што е произведено во една селска куќа. Следува дегустација на домашно направени ликери и слатки.
Локоротондо – еден од 100-тенајубави мали градчиња во Италија, чиј историски центар е изграден во овална форма па оттука доаѓа и неговото име. Градот е запишан во Гинисовата книга на рекорди поради петте самогласки “о
во неговото име. Ова е град на прекрасни балкони од кои повеќето имаат свој број. Градот е познат по своите вина. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
Трет ден (понеделник) Појадок. Екскурзија до мистичната Матера – дел од светското културно наследство заштитено од УНЕСКО и европска престолнина на културата во 2019 година.  Матера е град познат низ цел свет по својот природен амбиент за многу историски филмови, уникатно место кое се наоѓа во провинцијата Басиликата. Датира од палеолитска ера. Во тоа време нејзините жители ги населувале природните пештери во кањонот на реката Гравина. Со векови тие ги проширувале своите живеалишта копајки по карпите или градејки камени преддворја за нивните амфитеатрално уредени засолништа. После 1950-те години, со државно финансирање на пештерските жители државата им обезбеди модерно домување. Античкиот дел од градот останува ненаселен и луѓето го нарекуваат “Мртов град
се до моментот кога Холивуд почна да се интересира за Матера. Природниот  декор го искористија познати светски режисери меѓу кои Пјер Паоло Пазолини, браќата Тавијани, Мел Гибсон...Нивните филмови, особено најпопуларните Евангелие по Матеј и  Страдањата на Христосповторно ја открија Матера за јавноста. Забелешка: влезниците не се вклучени – Катедрала Матера околу 1 евро, пештерата-музеј Каса Грота околу 3 евра. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
Четврти ден (вторник)  Појадок. Слободно време за плажа или факултативен излет до Остуни и Полињано А Маре (возрасен 65 еур, деца од 2-12 г. 35 еур). Остуни го нарекуваат “Белиот Град
. Катедралата, малите бели улички полни со продавници и панорамската тераса со поглед на море се само дел од местатакои ги фасцинираат туристите и ја прават нивната посета незаборавна. Полињано А Маре е град изграден на импозантни карпи. Во минатото, пред неговите порти поминувал познатиот древно-римски пат  Виа Трајана а денес брегот е познат по кристално чистотото море, долгите плажи и безбројните пештери врежани во карпите. Специфичната архитектура ја надополнува природната убавина на овој град познат по прекарот “Бисер на Јадранот. Карпестиот брег на Полињано А Маре е полн со природни заливи кои во зима служеле какоприбежиште за рибарски чамци а денес привлекува бројни туристи. Вечера. Ноќевање.
Петти ден (среда) Појадок. Следува екскурзија (вклучена во цена) до Мартина Франка – елегантен град сместен во волшебна долина на Итриа. Типичен стар град, прекрасен пример на барокна уметност, со мали тесни улички, палати и монументални цркви. Пјаца Рома е најголемиот отворен простор во старит дел на градот  со зелена градина во триаголна форма и со уникатен поглед кон замокот кој е дизајниранод Бернини во 17ти век. Палацо Дукале е пример за касниот барок стил. Следува дегустација на вкусни “капоколо
месни деликатеси и вина. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
Шести ден (четврток) Појадок. Слободно време за плажа или факултативна екскурзија до Лече и Отранто ( 77 еур за возрасни, 38 еур за деца од 2 – 12 г.) Според легендата, градот Лече бил познат уште во времето на Тројанската војна под името Сибар. Подоцна бил освоен од Липигите а по нив од Римјаните во 3ти век п.н.е. кои му го дале името Липија. За време на владеењето на Адријан императорот, Лече бил поместен на 3 км североисточно и го добил името Ликеја. По распадот на Западното Римско Царство, Лече бил заробен од страна на Остроготскиот крал Тотила. Пет векови Лече бил дел од Источното Римско Царство – Византија. Норманите го освоиле градот во 11ти век за да подоцна биде споен кон Кралството Неапол. Интересни знаменитости во Лече се: Катедралата, Црквата Св.Јован Крстител, Црквата на Пресвета Богородица на Благодетта, Градските тврдини, Црквата Светиот Крст, Црквите Св. Ангел и Св.Киара, Римскиот амфитеатар...Попладне посета на Отранто  - наслов и инспирација за првиот готски роман во историјата Замокот Отранто од англискиот писател Хорас Волпол. Градот е туристички рај – со многу мали и симпатични продавници од двете страни на главната улица. Разглед на градот. Забелешка: во цената не се вклучени влезници во Катедралата околу 6 еур, Црквата Санта Кроче околу 6 еур. Вечера во хотелот. Ноќевање.
Седми ден (петок) Појадок. Слободно време за плажа. Вечера. Ноќеванје
Осми ден (сабота) Појадок. Трансфер до аеродром. Лет за Софија

Распоред на летовите (подлежни се на промена)
Софија – Бари 06:40 – 07:05 (локално време)
Бари – Софија 07:40 – 09:99 (локално време)

Сместување во хотел AKIRIS RESORT 4* https://www.akiris.it/

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 680 € во двокреветна соба
Еднокреветна соба 770 €
Трето возрасно лице доплаќа 530 € (на дополнително легло во двокреветна соба)
Цените се во евра а плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 еур = 62 мкд.

Во цената се вклучени следниве услуги:
- авио билет на релација Софија – Бари – Софија
- багаж од 20 кг по лице и рачен багаж
- аеродромски такси
- 7 ноќевања со појадок и вечера и вклучено чаша вино и 1/2 л. вода
- 3 екскурзии: Матера, Алберобело со Локоротондо, Мартина Франка
- еден сет чадори и лежалки на плажа по соба
- дневни и вечерни анимации во хотелот
- водич на бугарски јазик

Во цената не се вклучени следниве услуги:
- факултативни екскурзии : Остуни и Полињано А Маре (65 еур за возрасен, 35 еур за деца до 12 г.), до Лече и Отранто (77 евра за возрасен, 38 евра за деца до 12г.)
- трошоци од личен карактер
- доплата за ручек во хотелот (по желба ) 120 € по лице за целиот престој
- Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање /Цените са калкулирани со параметрите на керозин по цени на објавување на програмата/
Општинска такса по лице на ден /се плаќа на лице место и подлежи на измени/

Услови за резервација:

Депозит од 50% се плаќа со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка! Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање

Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.

 

Услови за откажување на резервација од страна на патникот: Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Лагуна Џет:

30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;

30-22 ден пред поаѓање 50% од вредноста;

Под 21 ден 100% пенали.