ПОЛСКА
Краков, Вроцлав, Лоѓ и Варшава

со авион, 6 ноќи

 

30. Април (Вторник)  СКОПЈЕ - ВАРШАВА – КРАКОВ   Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:00 часот. Полетување за Варшава во 13:30 и пристигнување во 15:30 часот. Полетување за Краков во 16:50 и пристигнување во 17:45 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за индивидуална прошетка во еден од најубавите градови во Европа, благодарение на одлично зачуваните градби и богатото уметничко и културно наследство. Ноќевање.

01. Мај (Среда)   КРАКОВ  Појадок. Разглед на поранешниот главен град на Полска: Стариот град, кој е ставен на списокот УНЕСКО, како светско наследство, полн со готски, барокни и ренесансни градби, Краковскиот Барбакан, најпознатиот дел со средновековни ѕидини, главниот плоштадот - Ринек обликуван во 13 век, се смета за еден од најголемите средновековни плоштади во Европа... На плоштадот се наоѓаат многу знаменитости како што се Платнената сала, базиликата Св. Марија, Кулата на градското собрание и Јагелонскиот универзитет кој е еден од најстарите универзитети во светот и кој е оценет како најдобар во Полска. Прошетката продолжува до областа Вавел, каде се наоѓаат истоимениот замок и катедралата во која биле крунисани многу полски кралеви. Во Кралскиот дворец може да се видат кралските круни и многу уметнички дела... Ноќевање.

02. Мај (Четврток)  КРАКОВ - ВИЕЛИЧКА Појадок. Организирана екскурзија до рудникот за сол Виeличка. Иако постојат докази дека бил во употреба уште од неолитот, овој рудник непрекинато работел од 13 до крајот на 20 век. Денес е една од главните атракции во Полска. Долгите ходници поврзуваат галерии со многубројни скулптури и  статуи исклесани во солените карпи. Рудникот има девет ката и достигнува длабочина до неверојатни 327 метри. Сепак, за туристите е отворен најубавиот дел од тунелите во должина од 3,5 километри. Рудникот за сол Виеличка се наоѓа на листата на УНЕСКО. Враќање во Краков во попладневните часови и слободно време за прошетки. Ноќевање.

03. Мај (Петок)    КРАКОВ – АУШИВИЦ – ВРОЦЛАВ (околу 300 км)  Појадок. Трансфер до поранешниот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау, кој е на околу 70 километри од Краков. Туристите имаат можност да се запознаат со дел од ужасот низ кој поминувале затворениците. Патувањето продолжува за Вроцлав - град со 12 реки, 21 остров и дури 300 мостови. Вроцлав го нарекуваат и „северна Венеција“ бидејќи само два града во Европа имаат повеќе мостови, Венеција и Амстердам. Пристигнување во хотелот во попладневните часови и сместување. Слободна вечер за индивидувална прошетка во центрот на градот каде што се наоѓа и  еден од најстарите ресторани во Европа, „Свидничка пивница“, основан во 1273 година. Ноќевање.

04. Мај (Сабота)  ВРОЦЛАВ – ЛОЃ - ВАРШАВА (околу 350 км)  Појадок. Разгледот на градот вклучува: Катедралата Св. Јован Крстител, која бил уништена неколку пати во историјата, но сегашниот изглед датира од 1951 година, минувајќи покрај бреговите на реката Одра, до Полскиот рид, со прекрасен поглед на Островот Тумски - најстариот дел од градот, Универзитетот во Вроцлав, основан во 1702 година, Градското собрание кое е сместено во готска зграда чија изградба траела 250 години. Патувањето продолжува за Варшава, со попатна пауза во Лоѓ, културен центар и втор по големина град во Полска. Пристигнување во хотелот во Варшава во доцните вечерни часови и сместување. Ноќевање.

05. Мај (Недела)  ВАРШАВА  По појадокот, разглед на градот. Варшава е сместена во центарот на Европа, на крстопатот на европските патишта од исток кон запад и од север кон југ. Денес, главниот град на Полска располага со прекрасна низа културно историски знаменитости и привлечности. Најзначајни се: Стариот град, кој од 1980-та година се наоѓа на листата на УНЕСКО, Нов град, историски познат како Нова Варшава, Палатата Красински, која била изградена на крајот на 17 век, зградата на Врховниот суд, Музејот на востанието во Варшава и Кралскиот парк Лазиенки во кој е поставен споменик на полскиот композитор Фредерик Шопен... Ноќевање.

 

06. Мај (Понеделник)       ВАРШАВА – СКОПЈЕ  Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг. Организиран превоз до аеродромот во Варшава. Полетување за Скопје во 14:45 часот и пристигнување во 16:45 часот.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  999 евра  (61.950 денари)

 

Цената вклучува:                                                                                               

- Авионски превоз на релацијата Скопје–Варшава-Краков и Варшава-Скопје со вклучени аеродромски такси

- Багаж за чекирање 1 куфер до 23 кг и рачен багаж (ташна и 1 торба до 8кг)

- Трансфери со автобус на наведените релации според програмата

- 3 ноќевања со појадок во хотел Vienna House Easy by Wyndham Cracow 3* во поширокиот центар на Краков

https://www.wyndhamhotels.com/vienna-house/cracow-poland/vienna-house-easy-cracow/overview

- 1 ноќевање со појадок во хотел Wyndham Wroclaw Old Town 4* во строгиот центар на Вроцлав

https://www.wyndhamhotels.com/wyndham/wroclaw-poland/wyndham-wroclaw-old-town/overview

- 2 ноќевања со појадок во хотел Novotel Warszawa Centrum 4* во строгиот центар на Варшава

https://all.accor.com/hotel/3383/index.pl.shtml

- Разгледи и прошетки во градовите според програмата

- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето


Цената не вклучува:

- Факултативен излет до Виеличка со вклучена влезница 45 Евра

- Посета на Аушвиц со вклучена влезница 35 Евра

- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)

- Патничко-здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ 

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари