ЛЕТО 2024 ВО ИТАЛИЈА
КАМПАЊА

Директен лет Софија – Наполи

Кампања се наоѓа на југот на Италија. Регионот е поделен на пет провинции, со главни градови: Салерно, Касерта, Авелино, Беневенто и Неапол (Наполи). Неапол е и главен град на регионот, со приближно 6 милиони жители. Областа ја заплискува Тиренското Море.

Ако сте љубители на археологијата и архитектурата, тогаш Кампања задолжително треба да ја посетите. Археолошкото наследство е огромно: прекрасни грчки храмови во Пастум, Помпеја и Херкуланеум, остатоци од грчко-римскиот Велија, вториот по големина римски амфитеатар во Италија во Капуа… сите тие се неверојатни историски места. Потоа, тука е Кралската палата Казерта - најраскошната палата во Европа, со своите 1200 соби и со неверојатна градина, италијанска верзија на Версај. Музеи, цркви, плоштади и палати – ќе бидете воодушевени од разновидноста и убавината на архитектурата. 

Песочните плажи и кристално чистите води на националниот парк Чиленто, пејзажите на познатиот брег Амалфи, островите на Неаполскиот залив, како и волшебното Капри, се само неколку од местата во кои можете да уживате. Од подземните длабочини на пештерите на Пертоса до височините на планината Везув, има по нешто за секого. Националниот парк Чиленто има и огромни планински предели за уживање во пешачење или планински велосипедизам.

Светски познатите италијански јадења имаат корени во Кампанија: пица, шпагети, моцарела, лимончело, канелони… Таа е и неприкосновен победник за најдоброто кафе во земјата - еспресо, капучино, а сега и интересни варијанти, како што е кафето со лешник.

Кампанија е прекрасна регија каде уметноста, историјата, природата и традицијата се спојуваат за да понудат незаборавен одмор.


Hotel Giulivo 4* - Baia Domizia, Campania

Giulivo 4* се наоѓа на морскиот брег, опкружен со зеленило, во централниот дел на одморалиштето Baia Domizia. Префинет хотел, категорија 4*, со поглед на море, комплетно реновиран 2015. година. На гостите им се достапни 24-часовна рецепција, ресторан со интернационална кујна, базен, снек бар на плажа, лоби бар, сончева тераса, градина, просторија за багаж, детско игралиште, паркинг.

Нуди сместување во 65 двокреветни соби и студија, 5 трокреветни соби и 10 апартмани со: климатизација, фрижидер, сателитска телевизија, директен телефон, бесплатен сеф, приватна бања со фен и балкон. Студијата се наоѓаат на 5. кат и се опремени како стандардни соби. Тие имаат застаклена кујна. Немаат балкон. 

Појадокот е традиционален италијански, организиран на шведска маса, вклучува – кроасани, мафини, англиски појадок, мусли, житарки, леб, овошен сок, путер, мармалад, мед, јогурт и топли напитоци. Вечерата се организира во ресторанот на хотелот на мени од три јадења со претходен избор помеѓу две менија од типична италијанска кујна, а салатите се од салад – барот. Менито со три јадења вклучува два вида тестенини, супа, главно – месо или риба и десерт – сутлијаш, торта или сладолед. Виното, вклучено во вечерата е од локални винарии. Барот на плажа нуди сендвичи, пијалоци, пиво и сладолед но тие се со доплата.

Хотелот има своја приватна плажа – долга и широка, со ситна песок. Чадори, лежалки и столови за плажа се бесплатни за гостите на хотелот. Броевите на чадорот се даваат при пријавувањето и важат за целиот престој.

Бесплатни услуги: бесплатен Wi-Fi интернет низ целиот хотел, надворешен базен со чадори и лежалки, теретана, сауна, ТВ сала, мини бар. Хотелот располага со отворен базен со чадори и лежалки, теретана, ТВ-зона, пинг-понг, програма за анимација за деца и возрасни, вечерна забавна програма со часови по танц, кабаре шоу и сл., која трае до полноќ. Гостите можат да учествуваат на разни турнири и игри, како што се одбојка на плажа, пинг-понг, куглање, стрелаштво итн. Надвор од високата сезона, во вечерните часови анимацијата се одвива во лобито на хотелот. Пријавувањето во хотелот е после 15:30 часот, а одјавувањето е до 10:30 часот. Хотелот располага со соба за пеглање опремена со пегли. Заради безбедност од пожари, не е дозволено внесување или користење на пегли во собите. 



ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ: 26.05.2024, 02.06.2024, 09.06.2024, 16.06.2024, 23.06.2024, 30.06.2024, 07.07.2024, 14.07.2024, 21.07.2024, 28.07.2024, 25.08.2024, 01.09.2024, 08.09.2024, 15.09.2024, 22.09.2024

 

Цените се за пакет аранжман /за рана резервација/ и се движат:

Од 810  до 935 еур по лице во стандардна соба на услуга полупансион /во зависност од терминот/

Максимален капацитет на собата е 2 возрасни + 1 дете до неполни 12 год. или 3 возрасни

 

Цената вклучува:

-авио билет на директен лет Софија – Наполи – Софија 

-чекиран багаж 20кг и рачен со димензии 40 х 30 х 20 см

-аеродромски такси

-трансфер на дестинацијата

-7 ноќевања на база полупансион /традиционален италијански појадок на шведска маса и вечера со послужување и претходен избор од 2 менија со 1/2 л вода и 1/4 л вино/

чадор, лежалки и столови за плажа

-чадори и лежалки околу базенот

-интернет 

-претставник за цело време на престојот
Цената не вклучува – задолжителна доплата:

– Такса за гориво и вредни емисии – се објавува 21 ден пред лет;

-Општинска такса околу 5 еур по лице за целиот престој /се плаќа на лице место и подлежи на измени/

*Деца под 16 год. не плаќаат општинска такса

 

Цената не вклучува – доплата по желба:

-Целодневна екскурзија до Неапол – главниот град на јужна Италија и Кампанија – 71 еур за возрасен/36 еур за дете до 11,99 години;

-Целодневна екскурзија до Помпеја и Везув – 97 еур за возрасен/49 еур за дете до 11,99 години;

-Целодневна екскурзија до Соренто – 87 еур за возрасен/44 еур за дете до 11,99 години;

-Целодневна екскурзија до Позитано и Амалфи – 97 еур за возрасен/49 еур за дете до 11,99 години;

-Полудневна екскурзија до Гаета и Сперлоња – 51 еур за возрасен/28 еур за дете до 11,99 години;

-Целодневна екскурзија на островот Капри – 103 еур за возрасен/52 еур за дете до 11,99 години;

-Опција за посета на Анакапри – 40 еур за возрасен и дете до 11,99 години;

Полудневна екскурзија до кралскиот дворец Казерта – 51 еур за возрасен / 28 еур за дете до 11,99 години;

-Пакет од 4 екскурзии – 10% од цената, важи само за барања мин 30 дена пред поаѓање;

 

Ред на летање (времињата се локални и подлежат на измени):

Софија – Наполи 13:55-14:40 (локално време)

Наполи – Софија 15:15-17:50 часот (локално време)

Трансфер аеродром – хотел – аеродром со автобус.

 

Депозит од мин. 50% се плаќа со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка!

Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање

Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.

 

Услови за откажување на резервација од страна на патникот:

Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Лагуна Џет:

30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;

30-22 ден пред поаѓање 50% од вредноста;

Под 21 ден 100% пенали.