ВЕЛИГДЕНСКИ И ПРВОМАЈСКИ ПАТУВАЊА
Велигден на Халкидики
Со посета на
Солун и Света Гора

03.мај (петок)  СКОПЈЕ – СОЛУН – ТОРОНИ  Состанок на групата на паркингот спроти СЦ “Борис Трајковски” во 05:30 часот. Поаѓање за Грција во 06:00 ч. Влез во Грција кај граничниот премин Богородица - Евзони. Попатна посета на Солун со панорамско разгледување на градот: Виа Игнациа, црквата Св. Димитрија со познатите мермерни капители и прекрасни мозаици од 7 век, Римскиот Форум, црквите Ротонда, Св.Софија, плоштадот Аристотелис, Белата кула, Археолошкиот и Византискиот музеј. Околу пладне патувањето продолжува кон Халкидики. По пристигнувањето во Торони, сместување во хотел и слободно време за одмор. Вечера. Ноќевање.
04.мај (сабота)  ТОРОНИ – СВЕТА ГОРА Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или целодневен факултативен излет со крстарење покрај монашката држава - Света Гора. Неповторлива можност за крстарење со брод и набљудување на дел од познатите светогорски манастири, распослани покрај западната страна од Атос - третиот крак на Халкидики. Враќање во хотелот во попладневните часови. Вечера. Навечер, можност за присуство на “Велигденско Воскресение” во локалната црква. По враќање во хотелот, дополнителна традиционална вечера со “Магирица”. Ноќевање.
05.мај (недела)  ТОРОНИ – ВЕЛИГДЕНСКА ПРОСЛАВА Појадок. Слободно претпладне за индивидуални активности, плажа и прошетки низ Торони. За гостите од хотелот, организирана традиционална Велигденска прослава со печено јагнешко и музичка програма со грчки мелос. Вечера. Ноќевање.
06.мај (понеделник)  ТОРОНИ – НЕОС МАРМАРАС – СКОПЈЕ Појадок. Заминување кон Неос Мармарас - најголемото место на Ситонија, амфитеатрално поставено над убавите заливи и плажи, со прекрасна панорама кон Егејското море. Слободно време за прошетки покрај шеталиштето и марината, или за уживање во некој од баровите на градската песочна плажа со кристално чисто море. Попладне, заминување за Скопје. Пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот
Во "economy" соба на приземје: 180 € (11.160,00 мкд)
Во "standard" соба на спрат:  190 € (11.780,00 мкд)


ДОПЛАТА ЗА ДЕТЕ И ТРЕТО ЛИЦЕ ВО СОБА:

- За деца до 5,99 год. (40 €)
- За прво дете од 06 до 12 год. 60 €, за второ дете од 06 до 12 год. (еко/стандард): 120 / 130 €
- За трето лице во соба (еко/стандард): 150 / 160 €
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел “Toroni Blue Sea (Old wing **+)”, во двокреветна соба на база 3 полупансиони
- Велигденски пакет и програма со дополнително мени
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативен излет со крстарење покрај Света Гора (30 € / за деца 15 €)
- Патничко здравствено осигурување (информации во вашата агенција)

НАПОМЕНИ: 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници. 
- За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош со важност најмалку 3 месеци.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
- За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
- Можни се промени во редоследот на програмата во зависност на работното време на објектите за посета.
- Организаторот не одговара доколку објектите го променат работното време или ограничат влезот.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и организаторот