ЛЕТО 2024 ВО ИТАЛИЈА
АПУЛИА (PUGLIA) - со чартер од Софија

Апулија (Puglia) е реон на крајниот југоисток на Италија, во делот познат и како „петата на апенинската чизма“. Ја красат традицијата, чистото море, вкусната кујна и квалитетните вина. Едниот брег го заплискува Јадранското а другиот Јонското море и се спојуваат јужно од градот Отранто. Претежно е рамничарска, со мал планински дел на северот.
Главен град е Бари, поделен на стар дел со многубројни споменици и нов дел со живописни плоштади, музеи и ресторани. Стариот дел на Бари го красат многу цркви, како романската базилика Св. Ѓорги, готската катедрала Св. Сабин, тврдината Св. Антонио и музејот на современата уметност, црквата Св. Никола, каде повеќе од 9 века се чуваат моштите на овој светител. Еден од поголемите градови е и Лече (Lecce) кој поради изобилие на барокните градби често споредуваат со Фиренца. Тука се и остатоците на римско, грчко и австриско наследство.
Апулија пред се  ја красат извонредни плажи, некои од нив потсетуваат на Кариби, мали рибарски села (Маргерита ди Савоја, Порто Чезаре, Остуни,  Галиано дел Капо, Санта Чезариа Терме). Околината на Остуни се смета за најубавиот брег во Италија со дури 53 пештери во морето со голема колонија на црвени корали и сунѓери.
Алберобело
е единствено гратче на светот со куќички (трули) кои наликуваат на капите на џуџињата. Поставени на четвртаста камена основа прекриена со куполести кровови, „трули„ зона од преку 1000 куќи, од кои некои се стари преку 400 години, од 1996 година се под заштита на УНЕСКО.

Матера, град вклесан во варовни карпи, со подземни пештери и лавиринти, под заштита е на УНЕСКО и еден од најнеобичните градови на Италија. Поголем дел од жителите 1950 година се преселени во Нова Матера, но некои сепак останале во куќите на своите претци. Катедрала, црква Св. Јован Крстител, многубројни пештерски цркви, се некои од најпознатите знаменитости на Матера.

Хотел TI BLU VILLAGE CLUB 4*
https://argonautihotel.it/   
7 ноќи,
8 дена

Басиликата е прекрасна област во близина на Јонското и Тиренското море. Овде можете да се потопите во атмосфера на античките грчки градови – Метапонто и Поликоро, достапни се и голем број археолошки паркови. Ќе уживате во прекрасните медитерански брегови во комбинација со богати борови шуми, покрај прекрасните погледи кои го одземаат здивот и кристално чистите води на Медитеранот. Тоа е регион со богатa традициja, кој нуди кујна со богати вкусови, во кои доминираат уникатните ароми и локални зачини. Областа е позната по своето исклучително високо квалитетно овошје и зеленчук. 

Ti Blu Village Club 4* се наоѓа во Марина ди Пистичи, мало одморалиште познато по медитеранската борова шума и прекрасното море. Хотелот се наоѓа на само 7 километри од градот Марконија. Овој хотел е вистински рај за семеен одмор и целосна релаксација. Овде можете да уживате во прекрасна природа, кристално чиста морска вода, златна песочна плажа, огромен базен и различни анимации. Во близина на хотелот има пицерија, бар и самопослуга. Ti Blu Village Club 4* се наоѓа на 130 км од Бриндизи и 130 км од Бари. Најблиското село е оддалечено само 3 километри, а градот Матера е оддалечен 57 километри. 
Хотелот нуди 400 комфорни соби: двокреветни соби, како и соби со 1 или 2 спални соби и 2 бањи за поголеми семејства. Класичните соби се со површина од 20-29м². Собите имаат: купатило со туш, фен, телевизор, телефон, минибар (на барање), сеф, клима уред со контрола од собата, Wi-Fi интернет, балкон, некои од собите имаат панорамски поглед на базените или боровите насади (со доплата). Ресторанот е поделен на две големи сали со надворешна веранда. Гостите на хотелот можат лесно да ја најдат својата маса бидејќи секоја од нив е јасно означена. Готвачот подготвува вкусна медитеранска кујна послужена на шведска маса. Двапати неделно хотелот нуди вечера со мени типично за регионот. Се користат висококвалитетни органски производи, локално произведени. Појадокот е континентален со вклучени овошје и зеленчук. 

КОНЦЕПТ НА СЕ ВКЛУЧЕНО: Појадок, ручек и вечера со вклучена вода и вино за време на ручекот и вечерата. Безалкохолни пијалоци, овошни сокови, леден чај, минерална вода (газирана и природна). Пијалоците се од машини лоцирани на одредени локации низ хотелот. Во барот се служи кафе, пиво и локални жестоки пијалаци.
Работно време:
Појадок од 07:30 до 10:00 часот.
Ручек од 12:30 до 14:00 часот.
Вечера од 19:30 до 21:00 часот.
Хотелот располага со 2 бара: едниот покрај базен, со детско катче, а другиот на тераса. Поминувајќи низ прекрасниот парк на хотелот и борова шума (околу 600 м.), ќе се најдете на широка плажа со ситен златен песок. До него може да се стигне пеш, уживајќи во спокојството и освежителната сенка на боровите дрвја или со вовче обезбедено од хотелот. Плажата е опремена со чадори и лежалки. Исто така, постојат дополнителни услуги што гостите на хотелот можат да ги искористат: бар на плажа, одбојкарско игралиште, кану, катамарани, чамци (од 2 до 5 лица), крпи за плажа се достапни со доплата. За уште попријатен престој на своите гости, хотелот нуди програма за анимација на базен и на плажа на италијански јазик. За секого има разни игри, забава, лекции и танци. Хотелот ги има следните услуги – спортски содржини, како што се 2 надворешни базени, 4 тениски игралишта, игралишта за одбојка и кошарка, мал фудбал за до 5 играчи, куглана, пинг-понг, одбојка на плажа, стрелаштво. Спортските терени може да се користат и навечер со осветлување, со доплата. Вечерта во амфитеатарот на хотелот можете да уживате во шоу програма со многу танцување, музика и филмски проекции. 
БЕСПЛАТНИ УСЛУГИ:  ресторан, 3 барови – бар на плажа, бар покрај базен и бар со панорамски поглед на градина, базен од 1500м² површина, базен за деца, чадори и лежалки околу базенот, 1 чадор и 2 лежалки по соба на плажа, фудбалски терен, мултифункционално игралиште, четири тениски игралишта (опремени со ноќно осветлување со доплата), пинг понг, фитнес патека, игралиште за деца, амфитеатар со забавни програми, незаштитен паркинг, Wi-Fi интернет во заедничките простории и во собите. 
УСЛУГИ со доплата: ноќно осветлување за тениските терени, салон за убавина и фризерски услуги, продавници (локални производи, играчки и костими за капење), јавање коњи, конгресна сала (од 40 до 250 седишта), медицински услуги, изнајмување на автомобили, перење, пешкири за плажа и за базен, просторија за подготовка на храна за бебиња, за семејства со бебиња е достапна кујна отворена секој ден од 11:00 до 14:30 и од 18:00 до 21:00 часот, опремена со: фрижидер, микробранова печка, блендер и прибор. Овде има можност да се подготви и складира бебешка храна, бебешко креветче. 

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ:
01.06.2024, 08.06.2024, 15.06.2024, 22.06.2024, 29.06.2024, 06.07.2024, 31.08.2024, 07.09.2024


Цените за пакет аранжман се движат од:
865 еур по лице во стандардна соба на услуга „софт“ се вклучено

Максимален капацитет на собата е 4 возрасни или 2 возрасни + 2 деца до неполни 15 год. или 3 возрасни + 1 бебе до неполни 2 год.

 

Цената вклучува:

-авио билет Софија – Бари – Софија 

-чекиран багаж 20кг и рачен со димензии 40 х 30 х 20 см

-аеродромски такси

-7 ноќевања на база „софт“ се вклучено
– 1 чадор, 2 лежалки на плажа

-бесплатен интернет на јавните површини, спортски игралишта, детски клуб

-полудневна екскурзија до Бари

-трансфер на дестинацијата

-претставник за цело време на престојот


Цената не вклучува – задолжителна доплата:

Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање /Цените са калкулирани со параметрите на керозин по цени на објавување на програмата/
Општинска такса по лице на ден /се плаќа на лице место и подлежи на измени/
 

Ред на летање (времињата се локални и подлежат на измени):

Софија – Бари 06:40 / 07:05 часот (локално време)

Бари – Софија 07:40 / 09:55 часот (локално време)

 

Трансфер аеродром – хотел – аеродром: Време траење: околу 1 час и 30 минути по правец со автобус.

 

Услови за резервација:

Депозит од 50% се плаќа со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка! Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање

Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.

 

Услови за откажување на резервација од страна на патникот: Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Лагуна Џет:

30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;

30-22 ден пред поаѓање 50% од вредноста;

Под 21 ден 100% пенали.