ПРВОМАЈСКИ И ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА

ПРАЗНУВАЊЕ НА МОРЕ
ВИЛА ЛИНА – МЕТАМОРФОЗИ
Период на престој 01 – 06.05.2024

Метаморфози е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која во комбинација со морето претставува вистинска воздушна бања. Во гратчето има бројни таверни и пицерии, добро снабдени маркети, продавници за маслиново масло и мед, пиљари, рибарница, фурни, аптека, лекар...
Вила ЛИНА се наоѓа на прва линија во центарот и на 50 м. од плажа. Располага со студија и апартмани, со големи тераси, од кои поголемиот дел имаат директен и страничен поглед кон морето и прекасниот парк. Комплетно е реновирана и опремена со кујна, купатило, фен, ТВ, WI-FI и клима (бесплатно).

Цените се дадени за наем на студио / апартман

Тип на соба / апартман

Трокреветно студио со поглед на море

Четирикреветно студио со поглед на море

Четирикреветен апартман со страничен поглед на море

Четирикреветен апартман со директен поглед на море

3 ноќи

89€

99€

109€

119€

5 ноќи

109€

129€

139€

149€

 

Цените се во евра а плаќањето се врши во денари по курс 1 еур = 62 денари

 ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 45 € возрасни

* 35 € деца од 2 - 12 години

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до влезот на вила Лина;
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;



.