ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА

БАСКИЈА
БИЛБАО - ГЕРНИКА – ВИТОРИА ГАСТЕИЗ – ПАМПЛОНА - САН СЕБАСТИЈАН

Гордо сместена на крајниот север на Шпанија, на брегот на Атлантскиот океан и во близина на границата со Франција, легендарната Баскија, локално позната како Euskadi или País Vasco („земја на баскиските говорници“), има свој јазик, свои кулинарски традиции и карактеристична географска и културна приказна.
Иако неколку милиони туристи патуваат во Шпанија секое лето, главно до нејзиното медитеранско крајбрежје, овој прекрасен регион можеби не е на сечиј туристички радар, но дефинитивно треба да биде. Во програмата истакнавме неколку причини зошто треба да ја посетите Баскија, земјата со прекрасна природа, долги плажи, планински врвови, одлични ресторани и прекрасни градови.

 

 

01. Мај (Среда) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ – БИЛБАО  Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:10 часот. Полетување во 14:10 и пристигнување во Билбао во 17:35 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување. Попладневна/ вечерна пешачка прошетка во градот кој е успешен спој на богатото индустриско и културно наследство, еден од најинтересните градови на северна Шпанија. Ноќевање.

02. Мај (Четврток) БИЛБАО – ГЕРНИКА – БИЛБАО (околу 70 км)  Појадок. Разглед на стариот дел на градот, Мостот Сан Антон и Црквата Св. Антон, стариот кварт на брегот на реката Нервион составен од 7 улици, необарокната зграда на Театарот Ариага изградена по примерот на Операта во Париз, Новиот плоштад, Палатата Арана – најстарата Палата во Билбао, железничката станица Ла Конкордија, зградата на Градското Собрание – една од најубавите во Шпанија, Мостот Салве на познатиот валенсијански архитект Калатрава, величествениот Музеј Гугенхајм. Зградата на музејот, отворен во 1997 година и дизајниран од архитектот Френк Гери, имресионира со својата архитектура.  Ова ремек дело ја содржи најбогатата збирка на современата уметност. Во попладневните часови, можност за посета на светски популарното место Герника, откако Пабло Пикасо го насликал бомбардирањето од Втората Светска војна на своето платно. Сликата како најпознто дело на сликарот се наоѓа во познатиот Музеј Реина Софиа во Мадрид. Ноќевање.

03. Мај (Петок) БИЛБАО - ВИТОРИА ГАСТЕИЗ – ПАМПЛОНА (околу 200 км)  Појадок. Патувањето продолжува кон Виториа Гастиез, административниот центар на Баскија. Возење по живописните предели до градот со најмногу зеленило во Шпанија, по што е прогласен за Европска престолнина со зеленило за 2012 година, а и град со најдобро зачувана средновековна архитектура во Баскија. Исклучително е интересен стариот град опкружен со средновековни ѕидини,  Плоштадот Шпанија, тука се и бисерите на баскијската ренесансна архитектура Палатата Бендања, Палатата на седиштето на автономната влада и готската Катедрала. Патувањето продолжува за Памплона во попладневните часови. Сместување во хотелот. Памплона е позната по трката со бикови, фестивалот Сан Фермин, кој се одржува секоја година на 06 Јули и кој послужил како инспирација на славниот Хемингвеј за романот Сонцето повторно изгрева. Главните бисери на градот се Градската тврдина, која имала пентагонален облик, Плоштадот Кастиљо, Корида, Палатата Навара – седиштето на Владата, Катедралата Св. Марија во која се крунисани Кралевите на Навара… Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

05. Мај (Недела) САН СЕБАСТИЈАН - СЕН ЖАН ДЕ ЛУЗ - БИЈАРИЦ - САН СЕБАСТИЈАН (околу 100 км) Појадок. Патувањето продолжува кон Сан Себастијан, по зелените предели до брегот на Кантабријското Море. Сан Себастијан, европската престолнина на културата за 2016 година, е познато монденско летувалиште на европската аристократија, седиште на филмскиот фестивал Златна школка и светска дестинација за гурманите. Со убавината на природната положба, градот може да се спореди само со еден град на светот – со Рио де Жанеиро. Сместување во хотелот. Прошетка низ градот, лоциран помеѓу реката и заливот, град кој со своите златни, песочни плажи се спушта кон заливот Ла Конча, ограничен со ридовите – Монте Ихелдо и Монте Ургул. Можност за уживање во  погледот од ридот Игелдо кон заливот Школка, островот Санта Клара, Палатата Мирамар, театарот Викторија Еугенија, Мостот Санта Каталина, квартот Корос, новиот културен и конгресен центар Курсал  – модерна зграда од стакло на плажата Суриола. Слободно време за вкусување на најдобриот тапас со баскиско вино. Ноќевање.

06. Мај (Понеделник) САН СЕБАСТИЈАН - БИЛБАО – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ  Појадок. Организиран превоз до аеродромот во Билбао (околу 100 км). Полетување за Истанбул во 12:10 часот. Пристигнување во Истанбул во 17:15 и полетување за Скопје во 19:00. Слетување во Скопје во 19:30 часот.

 

ЦЕНА 999 еур (61.950 мкд)


Цената ги вклучува следниве услуги:

– Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Билбао–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси

– Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)

– Трансфери со автобус на наведените релации според програмата

– Пет ноќевања со појадок во Хотели 3/4* (Две во Билбао, Едно во Памплона и Две во Сан Себастијан)

– Разгледи и прошетки во градовите според програмата

– Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето


Цената не ги вклучува следниве услуги:
– Факултативен излет до Сен Жан де Луз и  Бијариц

– Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)

– Патничко-здравствено осигурување


НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ 
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари