ЛЕТО 2024 ВО ИТАЛИЈА
АПУЛИА (PUGLIA) - со чартер од Софија

Апулија (Puglia) е реон на крајниот југоисток на Италија, во делот познат и како „петата на апенинската чизма“. Ја красат традицијата, чистото море, вкусната кујна и квалитетните вина. Едниот брег го заплискува Јадранското а другиот Јонското море и се спојуваат јужно од градот Отранто. Претежно е рамничарска, со мал планински дел на северот.
Главен град е Бари, поделен на стар дел со многубројни споменици и нов дел со живописни плоштади, музеи и ресторани. Стариот дел на Бари го красат многу цркви, како романската базилика Св. Ѓорги, готската катедрала Св. Сабин, тврдината Св. Антонио и музејот на современата уметност, црквата Св. Никола, каде повеќе од 9 века се чуваат моштите на овој светител. Еден од поголемите градови е и Лече (Lecce) кој поради изобилие на барокните градби често споредуваат со Фиренца. Тука се и остатоците на римско, грчко и австриско наследство.
Апулија пред се  ја красат извонредни плажи, некои од нив потсетуваат на Кариби, мали рибарски села (Маргерита ди Савоја, Порто Чезаре, Остуни,  Галиано дел Капо, Санта Чезариа Терме). Околината на Остуни се смета за најубавиот брег во Италија со дури 53 пештери во морето со голема колонија на црвени корали и сунѓери.
Алберобело
е единствено гратче на светот со куќички (трули) кои наликуваат на капите на џуџињата. Поставени на четвртаста камена основа прекриена со куполести кровови, „трули„ зона од преку 1000 куќи, од кои некои се стари преку 400 години, од 1996 година се под заштита на УНЕСКО.

Матера, град вклесан во варовни карпи, со подземни пештери и лавиринти, под заштита е на УНЕСКО и еден од најнеобичните градови на Италија. Поголем дел од жителите 1950 година се преселени во Нова Матера, но некои сепак останале во куќите на своите претци. Катедрала, црква Св. Јован Крстител, многубројни пештерски цркви, се некои од најпознатите знаменитости на Матера.

Хотел ARGONAUTI SEA LIFE EXPERIENCE 4*
https://argonautihotel.it/   
7 ноќи,
8 дена

Басиликата е прекрасна област во близина на Јонското и Тиренското море. Овде можете да се потопите во атмосфера на античките грчки градови – Метапонто и Поликоро, достапни се и голем број археолошки паркови. Ќе уживате во прекрасните медитерански брегови во комбинација со богати борови шуми, покрај прекрасните погледи кои го одземаат здивот и кристално чистите води на Медитеранот. Тоа е регион со богатa традициja, кој нуди кујна со богати вкусови, во кои доминираат уникатните ароми и локални зачини. Областа е позната по своето исклучително високо квалитетно овошје и зеленчук. 

Argonauti Sea Life Experience 4* e луксузен архитектонски комплекс, со вили и удобни апартмани лоцирани во прекрасно приморско одморалиште, познато по својата бујна медитеранска вегетација, во комбинација со фин златен песок, на брегот на Јонското Море. Паркот на хотелот е дизајниран од познатиот италијански архитект Луиџи Виети. Карактеристика на комплексот е марината која е совршена за вечерни прошетки.

Хотелот се наоѓа на пространа територија во јужна Италија, на морскиот брег, на еднакво растојание помеѓу градовите Матера и Таранто, на само 130 километри од меѓународниот аеродром во Бари. Околината на хотелот е дел од природен резерват со притоките на реките Агри и Кавоне кои се влеваат во Јонското Море, и тоа ја прави прошетката до плажата исклучително пријатна и освежувачка.

Плажата е дел од комплексот, со бесплатни чадори и лежалки за клиентите. За да стигнете до неа, поминувате низ прекрасна, зелена борова шума по уредени патеки или со минибуси, кои сообраќаат во текот на денот. Плажата е долга и широка, со ситен песок и бесплатни чадори и лежалки. Песочната лента е широка 24 метри, во близина на устието на реката Кавоне a e оддалечена од хотелот 900 м.

Во понуда се луксузни и удобно опремени апартмани. Секој од нив има тераса или веранда, опкружена со зеленило и цвеќиња. Секој апартман има спална соба и кујна. Вилите се со прекрасно уреден простор помеѓу нив. Сместувањето нуди: тоалет, ТВ, клима уред, опремена кујна.

Гостите на хотелот можат да користат бесплатен Wi-Fi интернет во заедничките простории (рецепција, лоби). На територијата на хотелот има ресторан, бар, амфитеатар, тениски игралишта, фудбалски игралишта, игралишта за кошарка и продавница за сувенири;

Хотелот нуди фантастична кујна, типична за јужна Италија. Готвачот е еден од најдобрите во Италија и сите јадења се подготвуваат со голема вештина и висококвалитетни состојки. Ресторанот е простран, одлично уреден и наместен. Покрај оброците вклучени во цената, има и a la carte мени со извонредни медитерански специјалитети за ручек и вечера, аперитив на терасата на пристаништето, дегустација на вина и земјоделски производи и многу повеќе. Хотелот има мал бар каде што можете да нарачате различни пијалоци.


ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ:
18.05.2024, 25.05.2024, 01.06.2024, 08.06.2024, 15.06.2024, 22.06.2024, 29.06.2024, 06.07.2024, 31.08.2024, 07.09.2024, 14.09.2024, 21.09.2024

Цените за пакет аранжман се движат од:
710 еур по лице во стандардна соба на услуга „софт“ се вклучено

Максимален капацитет на собата е 4 возрасни или 2 возрасни + 2 деца до неполни 12 год. или 3 возрасни + 1 бебе до неполни 2 год.

 

Цената вклучува:

-авио билет Софија – Бари – Софија 

-чекиран багаж 20кг и рачен со димензии 40 х 30 х 20 см

-аеродромски такси

-7 ноќевања на база полупансион + (со вклучени ¼ л вино и ½ л вода за време на вечерата)

– 1 чадор, 1 лежалка и 1 стол за плажа

-бесплатен интернет на јавните површини, спортски игралишта, детски клуб

-полудневна екскурзија до Бари

-трансфер на дестинацијата

-претставник за цело време на престојот


Цената не вклучува – задолжителна доплата:

Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање /Цените са калкулирани со параметрите на керозин по цени на објавување на програмата/
Општинска такса по лице на ден /се плаќа на лице место и подлежи на измени/
 

Ред на летање (времињата се локални и подлежат на измени):

Софија – Бари 06:40 / 07:05 часот (локално време)

Бари – Софија 07:40 / 09:55 часот (локално време)

 

Трансфер аеродром – хотел – аеродром: Време траење: околу 1 час и 30 минути по правец со автобус.

 

Услови за резервација:

Депозит од 50% се плаќа со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка! Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање

Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.

 

Услови за откажување на резервација од страна на патникот: Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Лагуна Џет:

30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;

30-22 ден пред поаѓање 50% од вредноста;

Под 21 ден 100% пенали.