ЛЕТО 2024 ВО ИТАЛИЈА
АПУЛИА (PUGLIA) - со чартер од Софија

Апулија (Puglia) е реон на крајниот југоисток на Италија, во делот познат и како „петата на апенинската чизма“. Ја красат традицијата, чистото море, вкусната кујна и квалитетните вина. Едниот брег го заплискува Јадранското а другиот Јонското море и се спојуваат јужно од градот Отранто. Претежно е рамничарска, со мал планински дел на северот.
Главен град е Бари, поделен на стар дел со многубројни споменици и нов дел со живописни плоштади, музеи и ресторани. Стариот дел на Бари го красат многу цркви, како романската базилика Св. Ѓорги, готската катедрала Св. Сабин, тврдината Св. Антонио и музејот на современата уметност, црквата Св. Никола, каде повеќе од 9 века се чуваат моштите на овој светител. Еден од поголемите градови е и Лече (Lecce) кој поради изобилие на барокните градби често споредуваат со Фиренца. Тука се и остатоците на римско, грчко и австриско наследство.
Апулија пред се  ја красат извонредни плажи, некои од нив потсетуваат на Кариби, мали рибарски села (Маргерита ди Савоја, Порто Чезаре, Остуни,  Галиано дел Капо, Санта Чезариа Терме). Околината на Остуни се смета за најубавиот брег во Италија со дури 53 пештери во морето со голема колонија на црвени корали и сунѓери.
Алберобело
е единствено гратче на светот со куќички (трули) кои наликуваат на капите на џуџињата. Поставени на четвртаста камена основа прекриена со куполести кровови, „трули„ зона од преку 1000 куќи, од кои некои се стари преку 400 години, од 1996 година се под заштита на УНЕСКО.

Матера, град вклесан во варовни карпи, со подземни пештери и лавиринти, под заштита е на УНЕСКО и еден од најнеобичните градови на Италија. Поголем дел од жителите 1950 година се преселени во Нова Матера, но некои сепак останале во куќите на своите претци. Катедрала, црква Св. Јован Крстител, многубројни пештерски цркви, се некои од најпознатите знаменитости на Матера.


DANAIDE RESORT 4* 

7 ноќи, 8 дена

Комплекс, кој ќе ги задоволи дури и најпребирливите, изграден 2015 г., со богата, разновидна и вкусна храна, со пространи, светли соби и апартмани.

 

Басиликата е прекрасна област во близина на Јонското и Тиренското море. Овде можете да се потопите во атмосфера на античките грчки градови – Метапонто и Поликоро, достапни се и голем број археолошки паркови. Ќе уживате во прекрасните медитерански брегови во комбинација со богати борови шуми, покрај прекрасните погледи кои го одземаат здивот и кристално чистите води на Медитеранот. Тоа е регион со богатa традициja, кој нуди кујна со богати вкусови, во кои доминираат уникатните ароми и локални зачини. Областа е позната по своето исклучително високо квалитетно овошје и зеленчук.

Danaide Resort 4* е сместен во местото Лидо ди Скацано, на 4 км од најблиското гратче Скацано Јонико, каде е и железничка станица. Оддалеченост од Бари е 130 км. Хотелот Danaide Resort 4* е ресорт, кој нуди многу спортски активности и добра услуга. Нуди и дневна и вечерна забава со претстави и музика за сите возрасти. Хотелот располага со големи зелени површини и голем базен. Има и барови, ресторани, сала за состаноци, СПА центар и трговски дел (продавница, бутик и др.). Плажа Се наоѓа на 500 метри од хотелот до која се стигнува по патека низ убава борова шума. Постои и трансфер до плажа. Соби Ресортот располага со 108 соби и 114 апартамни со различни можности за сместување. Постојат двокреветни и четворокреветни соби. Нудат: плазма телевизор, голем балкон, минибар, купатило со туш, поглед на базен или море, паркинг, клима, сеф, фен. Ресторан Исхраната во ресторанот е на шведска маса со локални јадења, приготвени од селектирани продукти. Хотелска понуда: игралиште, мини клуб, тениски терени, спортски турнири: тенис, фудбал, одбојка, куглање, пливање, стрелање со лак, базен од 2000 м², бебешко креветче на барање, услуги на плажа.

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ:
18.05.2024, 25.05.2024, 01.06.2024, 08.06.2024, 15.06.2024, 22.06.2024, 29.06.2024, 06.07.2024, 31.08.2024, 07.09.2024, 14.09.2024, 21.09.2024

Цените за пакет аранжман се движат од:
705 еур по лице во стандардна соба на услуга полупансион плус

Максимален капацитет на собата е 4 возрасни или 3 возрасни + 1 бебе до неполни 2 год. или 2 возрасни + 2 деца под 15 год..

 

Цената вклучува:

· авио билет Софија – Бари – Софија со редовен лет на авиокомпанија Wizz Air

· чекиран багаж 20 кг и 1 рачен багаж со димензии 40 х 30 х 20 см.

· Аеродромски такси

· 7 ноќевања, појадок и вечера, со вклучено ¼ л вино и ½ л вода

· Трансфер аеродром – хотел – аеродром

· 1 чадор и 2 лежалки на плажа по соба – последни редици

· Претставник на организаторот 


Цената не вклучува – задолжителна доплата:

Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање /Цените са калкулирани со параметрите на керозин по цени на објавување на програмата/
Општинска такса по лице на ден /се плаќа на лице место и подлежи на измени/
 

Ред на летање (времињата се локални и подлежат на измени):

Софија – Бари 06:40 / 07:05 часот (локално време)

Бари – Софија 07:40 / 09:55 часот (локално време)

 

Трансфер аеродром – хотел – аеродром: Време траење: околу 1 час и 30 минути по правец со автобус.

 

Услови за резервација:

Депозит од 50% се плаќа со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка! Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање

Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.

 

Услови за откажување на резервација од страна на патникот: Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Лагуна Џет:

30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;

30-22 ден пред поаѓање 50% од вредноста;

Под 21 ден 100% пенали.