ЛЕТО 2024 ВО ИТАЛИЈА
АПУЛИА (PUGLIA) - со чартер од Софија

Апулија (Puglia) е реон на крајниот југоисток на Италија, во делот познат и како „петата на апенинската чизма“. Ја красат традицијата, чистото море, вкусната кујна и квалитетните вина. Едниот брег го заплискува Јадранското а другиот Јонското море и се спојуваат јужно од градот Отранто. Претежно е рамничарска, со мал планински дел на северот.
Главен град е Бари, поделен на стар дел со многубројни споменици и нов дел со живописни плоштади, музеи и ресторани. Стариот дел на Бари го красат многу цркви, како романската базилика Св. Ѓорги, готската катедрала Св. Сабин, тврдината Св. Антонио и музејот на современата уметност, црквата Св. Никола, каде повеќе од 9 века се чуваат моштите на овој светител. Еден од поголемите градови е и Лече (Lecce) кој поради изобилие на барокните градби често споредуваат со Фиренца. Тука се и остатоците на римско, грчко и австриско наследство.
Апулија пред се  ја красат извонредни плажи, некои од нив потсетуваат на Кариби, мали рибарски села (Маргерита ди Савоја, Порто Чезаре, Остуни,  Галиано дел Капо, Санта Чезариа Терме). Околината на Остуни се смета за најубавиот брег во Италија со дури 53 пештери во морето со голема колонија на црвени корали и сунѓери.
Алберобело
е единствено гратче на светот со куќички (трули) кои наликуваат на капите на џуџињата. Поставени на четвртаста камена основа прекриена со куполести кровови, „трули„ зона од преку 1000 куќи, од кои некои се стари преку 400 години, од 1996 година се под заштита на УНЕСКО.

Матера, град вклесан во варовни карпи, со подземни пештери и лавиринти, под заштита е на УНЕСКО и еден од најнеобичните градови на Италија. Поголем дел од жителите 1950 година се преселени во Нова Матера, но некои сепак останале во куќите на своите претци. Катедрала, црква Св. Јован Крстител, многубројни пештерски цркви, се некои од најпознатите знаменитости на Матера.


Хотел AKIRIS RESORT 4*
https://www.akiris.it/hotel/
7 ноќи,
8 дена

Басиликата е прекрасна област во близина на Јонското и Тиренското море. Овде можете да се потопите во атмосфера на античките грчки градови – Метапонто и Поликоро, достапни се и голем број археолошки паркови. Ќе уживате во прекрасните медитерански брегови во комбинација со богати борови шуми, покрај прекрасните погледи кои го одземаат здивот и кристално чистите води на Медитеранот. Тоа е регион со богатa традициja, кој нуди кујна со богати вкусови, во кои доминираат уникатните ароми и локални зачини. Областа е позната по своето исклучително високо квалитетно овошје и зеленчук.

Акирис Ресорт 4* се наоѓа во Басиликата, на 1,5 км од центарот на градот Нова Сири и железничката станица. Растојанието до Бари е 100 км. Одморалиштето се наоѓа среде борова шума, која ви овозможува целосно да уживате во вашиот одмор. Плажата се наоѓа на само 250 m од хотелот, а патот до неа минува низ шума. Хотелот Акирис е дел од комплексот Акирис Ресорт, кој е комбинација на удобствата на хотелското сместување и приватноста на приватните апартмани, кои имаат се што ви е потребно за да вашиот одмор на ова место биде незаборавен. Има два базени дизајнирани специјално за деца, мини клуб и многу забава за деца од 5-12 години. Има и дневна, вечерна и целодневна забава: емисии, мјузикли и спортски турнири. Во одморалиштето можете да најдете павилјон за тутун, мини маркет, бутик, продавница за сувенири и фризер. Плажата е на 250 метри од хотелот, до неа се пристигнува по патеки низ прекрасна борова шума, каде што ќе уживате во недопрената природа на Средоземното Море. На плажа се достапни чадори и лежалки. Акирис Ресорт 4* нуди пространи соби кои имаат тераси и поглед на градина или базен. Собите се наоѓаат на прв или втор кат и се лесно достапни за лица со намалена подвижност. Апартманите имаат и фрижидери. Собите ги имаат следните удобности: плазма телевизор, голем балкон, мини бар, бања со туш, поглед на базен или градина, клима уред, сеф и фен. Хотелот нуди и два ресторани во кои можете да уживате во висококвалитетна храна со избрани состојки кои претставуваат јадења типични за областа. Хотелот нуди: 4 базени, 2 наменети за деца, 2 ресторани, игралиште, мини клуб, фитнес на отворено, тениско игралиште, спортски турнири: тенис, фудбал, одбојка, куглање, пливање, стрелаштво, амфитеатар.

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ:
18.05.2024, 25.05.2024, 01.06.2024, 08.06.2024, 15.06.2024, 22.06.2024, 29.06.2024, 06.07.2024, 31.08.2024, 07.09.2024, 14.09.2024, 21.09.2024

Цените за пакет аранжман се движат од:
680 еур по лице во стандардна соба на услуга полупансион плус

Максимален капацитет на собата е 2 возрасни + 2 деца до неполни 12 год. или 3 возрасни + 1 бебе до неполни 2 год.

 

Цената вклучува:

-авио билет Софија – Бари – Софија 

-чекиран багаж 20кг и рачен со димензии 40 х 30 х 20 см

-аеродромски такси

-7 ноќевања на база полупансион

-полудневна екскурзија до Бари

-трансфер на дестинацијата

-претставник за цело време на престојот


Цената не вклучува – задолжителна доплата:

Такса за гориво – се објавува 21 ден пред поаѓање /Цените са калкулирани со параметрите на керозин по цени на објавување на програмата/
Општинска такса по лице на ден /се плаќа на лице место и подлежи на измени/
 

Ред на летање (времињата се локални и подлежат на измени):

Софија – Бари 06:40 / 07:05 часот (локално време)

Бари – Софија 07:40 / 09:55 часот (локално време)

 

Трансфер аеродром – хотел – аеродром: Време траење: околу 1 час и 30 минути по правец со автобус.

 

Услови за резервација:

Депозит од 50% се плаќа со резервација, во готово или на фактура. Цените не важат за плаќање со картичка! Доплата најдоцна 30 дена пред поаѓање

Издавање патна документација (ваучер, информација за летот, ваучери за разгледите, програма) 5 дена пред летот.

 

Услови за откажување на резервација од страна на патникот: Патникот е должен по писмен пат да достави допис за откажување на патување. Истиот ќе биде проследен до организаторот на патувањето. Пеналите се според денот на откажувањето и за истите важат посебни услови на откажување усогласени со условите на давателот на услугата, а не Општите на Лагуна Џет:

30+ дена пред поаѓање 70 еур/по лице;

30-22 ден пред поаѓање 50% од вредноста;

Под 21 ден 100% пенали.