24ти МАЈ ВО ГРЦИЈА

НЕА РОДА-АМУЛИЈАНИ-СВЕТА ГОРА-УРАНОПОЛИС

(24.05.2024– 26.05.2024)

 

Прв ден: 24.05.2024 година (петок) Заминување на групата  од Скопје во 04.00 часот од пред договорено место  кон Грција, со туристички автобус преку граничниот премин Евзони. Пристигнување на Атос, третиот и најисточниот крак на Халкидики во пладневните часови. Сместување на групата во студија и апартмани во приморското туристичко место Неа Рода  (вили „Maria Pashalidou, Lena  и  апартхотелот „Lazaridis“). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности и плажа. Ноќевање.

Втор ден: 25.05.2024 година (сабота) 09.30 Организирано заминување од Неа Рода кон пристаништето Трипити, а од таму со брод кон островот Амулијани. Слободно време за плажа и за уживање во кристално чистата морска вода. Во договореното време враќање назад во Неа Рода. Ноќевање.   

Трети ден: 26.05.2023 година (недела)  08.30 Напуштање на апартманите и организирано заминување кон пристаништето во Уранополи од каде заминуваме на крстарење со брод околу монашката држава Света Гора на која се наоѓаат 20 манастири од кои по еден српски, бугарски и руски, а сите останати се грчки манастири. Панорамско разгледување на манастирите. По завршување на крстарењето слободно време за индивидуални прошетки низ градот Уранополис, кој е всушност капија преку која се влегува во независната монашка држава, последното место на Халкидики кое наликува на рајот што можете овде да го видите. Во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во Скопје  во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  139 евра (8.620 денари)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

ü  Превоз со туристички автобус на наведената релација

ü  Две ноќевања во студија и апартмани во Неа Рода

ü  Посета на островот Амулијани со вклучен билет за траект

ü  Крстарење со брод околу манастирите на Света Гора

ü  Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

§  Патничко осигурување

§  Туристичка такса: 1 евро по лице за двете ноќевања

 

Услови за деца: Деца до 4 години бесплатно (не користат кревет и седиште во автобус). Од 4-12 години плаќаат 50% од аранжманот.

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници