ВЕЛИГДЕНСКА АЛПСКА ПРИКАЗНА

КРАЊСКА ГОРА- КЛАГЕНФУРТ-МИНИМУНДУС-ХАЛШТАТ-САЛЗБУРГ

Бонус излет на БЛЕД!

 

(02.05.2024-07.05.2024)

 

Прв ден: 02.05.2024 година (четврток)  Заминување на групата во 19:00 часот од Скопје (од пред договрено место) кон Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце. Попатни одмори.

Втор ден: 03.05.2024 година (петок) Пристигнување во Крањска Гора во пладневните часови.  Сместување во хотел Ramada Resort 4* (hit-alpinea.si) во двокреветни соби. Слободно попладне за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Хотелот располага со wellness центар и внатрешен  базен, а се наоѓа на само неколку минути од центарот на ова мало,  перфектно уредено туристичко место со стари градби во алпски стил. Ноќевање.

Трети ден: 04.05.2024година (сабота) Појадок. Заминување на групата на целодневен разглед со локален туристички водич на Клагенфурт, некогашно седиште на една од најголемите европски монархии, еден од градовите кој грижливо негува сé што историјата оставила во аманет. Започнуваме најпрво со обиколка на минијатурниот парк Минимундус направен од макети на најзначајните градби од целиот свет. Денес во него се наоѓаат повеќе од 150 макети во различна градба во размер 1:25. Тука се Статуата на Слободата, Лондонскиот часовник, Ајфеловата кула, Операта во Сиднеј, Таџ Махал, Белата куќа, а „најголемата“ минијатура е модел од базиликата „Свети Петар“ во Рим. Целиот приход од паркот Минимундус се наменува за добротворни цели. Слободно време за прошетка низ паркот кој е единственото место каде е прикажан светот во мало. Потоа продолжуваме кон центарот на Клагенфурт, град за чие основање се раскажуваат легенди, град што ќе ве одушеви со колоритните улици, а со градбите ќе ве врати во времето на Марија Терезија и дворските балови. Се простира на Врбското Езеро за кое е поврзана легендата за малото човече со буре во рака од кое тече вода, бидејќи се прикажува дека на местото на денешното езеро некогаш одамна постоел град. Според преданието жителите на овој град постеле. За време на една прослава се појавило мало човече кое им кажало дека не е дозволено за време на пост да прославуваат, но жителите не го послушале. Човечето се појавило уште два пати да ги предупреди, а третиот пат со себе донело буре полно со вода кое не се затварало... од него течела вода се додека целиот град не се потопил и така се создало езерото. Од тогаш низ улиците на целиот град има поставено споменици со неговиот лик. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови враќање во хотелот во Крањска Гора. Ноќевање.

Четврти ден: 05.05.2024 година (недела) Појадок. Потоа заминување на групата со локален туристички водич кон Австрија и градот Халштат за да се увериме како навистина изгледа една бајка која сме ја замислувале кога сме биле деца. Малиот град со само 1000 жители е сместен во срцето на Австриските Алпи на брегот на истоименото езеро, во областа која од 1997 година е под заштита на УНЕСКО и годишно го посетуваат околу 800.000 туристи. Пред повеќе од десетина години кинески архитекти и градежници се приклучиле кон една обична група на туристи, го разгледале селото, го фотографирале и измериле од сите страни, и веднаш започнале да градат копија на истиот град во кинеската провинција Guangdong. За копијата да биде верна на оригиналот направиле и вештачко езеро, но сепак не успеале докрај да ја пренесат магијата окована во Австриските Алпи. Разгледот на градот се мери во минути во кои ќе забележите безброј детали кои ќе сакате да ги фотографирате... шарени куќи од чии дрвени тераси се спуштаат цвеќиња, сувенирници, тесни улички, шатки и лебеди кои го вознемируваат спокојот на алпските врвови кои се отсликуваат во езерото. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се упатуваме кон градот Салзбург. Разгледување на градот со локален туристички водич: Стариот плоштад и Плоштадот на Моцарт, Катедралата од 8. век, Манастирот Св.Петар од 7.век, Бискупската резиденција со прекрасната фонтана од 16.век... Слободно време за индивидуални прошетки.  Во вечерните часови се враќаме назад во хотелот во Крањска Гора. Ноќевање.
Петти ден: 06.05.2024 година (понеделник)  Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на бонус излет кон Блед, бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со традиционален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствениот природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното „Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова  кое  со својата атракција привлекува многу туристи (со доплата). Во пладневните часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување  во раните утрински  часови во вторник на 07.05.2024 година.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  399 евра (24.740 денари)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со туристички автобус

- Три ноќевања со појадок во хотел „Ramada Resort”4**** во Крањска Гора

- Користење на базенот во хотелот

- Организирана посета на Клагенфурт со локален туристички водич

- Влезница во  Минимундус

- Организирана посета на Халштат и Салзбург со лиценциран туристички водич

- Организирана посета на Блед

- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Користење на wellness центарот во хотелот

- Туристичка такса во хотелот во Крањска Гора –3.5 евра по лице од вечер (се плаќа во агенцијата)

- Доплата за еднокреветна соба 80 евра

- Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници