ОСМОМАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
БАРСЕЛОНА
05 – 08 Март 2026
Барселона претставува скапоцен камен на Медитеранот, жив град, полн со приказни за раскажување и уникатни искуства за уживање, космополитска и културна дестинација која ги задржува своите традиционални корени. Барселона ги привлекува посетителите кон своите познати знаменитости, како што се Саграда Фамилија, Парк Гуел, Куќата на Батло и Ла Педрера. Прошетка покрај морскиот брег, вечерни часови на тераса на покривот со поглед на хоризонтот над градот, пространи паркови како што се Parc de Montjüic или Ciutadella, пристаништето, олимпиското село и низа други опции се само дел од новите искуства кои може да ги доживеете при секоја посета. За обожавателите на сонцето, Барселона е токму она што го барате! Нејзиното крајбрежје се протега на 4,5 километри и им нуди на туристите широк спектар на одлични плажи. Кулинарските специјалитети се исто така разновидни, со светски познати ресторани за висока кујна, традиционални каталонски јадења, пазари за храна и други места кои ве носат низ светот со нивните вкусови. Со поглед на Средоземното Море и позната по Гауди и другата Арт Нову архитектура, Барселона е еден од најмодерните градови во Европа.
Прв ден 05.03.2026 Полетување за Барселона 17:20 часот. Пристигнување во Барселона, на Ел Прат во 21:10 часот. Трансфер аеродром - хотел – аеродром. Сместување во хотел. Ноќевање
Втор ден 06.03.2026 Појадок. Панорамска прошетка низ Барселона (околу 4 часа) со локален водич, која вклучува: Саграда Фамилија, Катедралата на Барселона, Плоштад Каталуња, Плоштадот Ла Рамбла, Шпанско Село (Poble Espanyol) – уникатен музеј на отворено кој опфаќа 49.000 м² со автентична архитектура од различни региони на Шпанија. Монжуик (Montjuïc) со панорамски погледи. По панорамската прошетка, факултативна посета на Аквариум Барселона – еден од најголемите аквариуми во Европа, особено интересен за семејства со деца. Препорака за традиционални тапаси во некој од локалните барови или ресторани, со цел да ја почувствувате вистинската атмосфера и вкусови на Барселона и слободно време за индивидуални активности, прошетки и шопинг. Опционално посета на Фламенго шоу. Ноќевање.
Трет ден 07.03.2026 Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативни посети:
- Камп Ноу – надворешна посета на најголемиот стадион во Европа и фан продавницата на ФК Барселона.
- Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства.
- Парк Гуел – едно од ремек-делата на Антони Гауди, познат по својата шарена мозаична керамика и фантастична архитектура. По препорака на агенцијата, има опција за уште едно доживување на тапаси, во некој од препознатливите локални ресторани или барови, каде ќе може да пробате разновидни вкусови и специјалитети. Слободна вечер за инвидуални активности или посета на Магичните фонтани. Ноќевање. Четврти ден 08.03.2026 Појадок и одјава. Можност за факултативна посета:
- Музеј Дали + Герона
- Парк Тибидабо – забавен парк и панорамска платформа со поглед кон целата Барселона.
- Парк Циутадела – идеално место за релаксација и прошетки.
- Плажата Ла Барселонета – едно од најпознатите места за одмор и уживање покрај море.
- Организиран трансфер до аеродром. Пристигнување на аеродромот, чекирање и подготовка за лет. Полетување за Скопје во 20:55 часот. Пристигнување во Скопје во 23:40 часот.
*Туристичката агенција го задржува правото на можни измени во програмата
|
399€ по лице |
Во цената е вклучено:
-Повратен авионски лет Скопје – Барселона - Скопје
-Аеродромска такса
-3 ноќевања со појадок во хотел Arya 3*
-Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
-Придружник за време на патувањето
Во цената не е вклучено:
-Туристичка такса-
-Факултативни излети
-Патничко осигурување
-Локален транспорт: метро или автобуски билети
Напомена: Пасошите мора да важат минимум 90 дена од моментот на напуштање на Шенген зоната. Секој патник треба да има важечко патничко осигурување. Со резервацијата треба да се плати аванс од 50% од вкупната сума. Плаќањата во денарска противвредност ќе се пресметуваат со курс 1 еур = 62 мкд.
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
Целодневен излет на Барселона: цена на излетот: 65 € , деца до 12 години: 35 € – обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди: тргнување во утринските часови со автобус од хотел од Барселона. Се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче. Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место. Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот. Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино. Враќање на хотелот.
Готска Четврт - 30€, деца од 2-12 години - 20€ Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства. Во оваа четврт се наоѓаат некои од најважните знаменитости на Барселона, како што се Готската катедрала (La Catedral de Barcelona), Плоштадот Рејал (Plaça Reial), како и остатоци од римскиот град Барсино. Готската четврт денес е жив културен центар, исполнет со кафулиња, музеи, галерии и улични уметници, кои и даваат уникатна атмосфера.