БАРСЕЛОНА
19 – 22 Март 2026

Барселона претставува скапоцен камен на Медитеранот, жив град, полн со приказни за раскажување и уникатни искуства за уживање, космополитска и културна дестинација која ги задржува своите традиционални корени. Барселона ги привлекува посетителите кон своите познати знаменитости, како што се Саграда Фамилија, Парк Гуел, Куќата на Батло и Ла Педрера. Прошетка покрај морскиот брег, вечерни часови на тераса на покривот со поглед на хоризонтот над градот, пространи паркови како што се Parc de Montjüic или Ciutadella, пристаништето, олимпиското село и низа други опции се само дел од новите искуства кои може да ги доживеете при секоја посета. За обожавателите на сонцето, Барселона е токму она што го барате! Нејзиното крајбрежје се протега на 4,5 километри и им нуди на туристите широк спектар на одлични плажи. Кулинарските специјалитети се исто така разновидни, со светски познати ресторани за висока кујна, традиционални каталонски јадења, пазари за храна и други места кои ве носат низ светот со нивните вкусови. Со поглед на Средоземното Море и позната по Гауди и другата Арт Нову архитектура, Барселона е еден од најмодерните градови во Европа.


Прв ден 19.03.2026 
Полетување за Барселона 17:20 часот. Пристигнување во Барселона, на Ел Прат во 21:10 часот. Трансфер аеродром - хотел – аеродром. Сместување во хотел. Ноќевање
Втор ден 20.03.2026 Појадок. Панорамска прошетка низ Барселона (околу 4 часа) со локален водич, која вклучува: Саграда Фамилија, Катедралата на Барселона, Плоштад Каталуња, Плоштадот Ла Рамбла, Шпанско Село (Poble Espanyol) – уникатен музеј на отворено кој опфаќа 49.000 м² со автентична архитектура од различни региони на Шпанија. Монжуик (Montjuïc) со панорамски погледи. По панорамската прошетка, факултативна посета на Аквариум Барселона – еден од најголемите аквариуми во Европа, особено интересен за семејства со деца. Препорака за традиционални тапаси во некој од локалните барови или ресторани, со цел да ја почувствувате вистинската атмосфера и вкусови на Барселона и слободно време за индивидуални активности, прошетки и шопинг. Опционално посета на Фламенго шоу. Ноќевање.
Трет ден 21.03.2026  Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативни посети:
 - Камп Ноу – надворешна посета на најголемиот стадион во Европа и фан продавницата на ФК Барселона.
 - Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства.
 - Парк Гуел – едно од ремек-делата на Антони Гауди, познат по својата шарена мозаична керамика и фантастична архитектура. По препорака на агенцијата, има опција за уште едно доживување на тапаси, во некој од препознатливите локални ресторани или барови, каде ќе може да пробате разновидни вкусови и специјалитети. Слободна вечер за инвидуални активности или посета на Магичните фонтани. Ноќевање.
Четврти ден 22.03.2026 Појадок и одјава. Можност за факултативна посета:
 - Музеј Дали + Герона
 - Парк Тибидабо – забавен парк и панорамска платформа со поглед кон целата Барселона.
 - Парк Циутадела – идеално место за релаксација и прошетки.
 - Плажата Ла Барселонета – едно од најпознатите места за одмор и уживање покрај море.
 - Организиран трансфер до аеродром. Пристигнување на аеродромот, чекирање и подготовка за лет. Полетување за Скопје во 20:55 часот.  Пристигнување во Скопје во 23:40 часот.
 *Туристичката агенција го задржува правото на можни измени во програмата

 

419€ по лице
 80€ за деца до 2 години

Во цената е вклучено:
-Повратен авионски лет Скопје – Барселона - Скопје
 -Аеродромска такса
 -3 ноќевања со појадок во хотел Arya 3*
 -Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
 -Придружник за време на патувањето
 
Во цената не е вклучено:
 -Туристичка такса-
 -Факултативни излети
 -Патничко осигурување
 -Локален транспорт: метро или автобуски билети


Напомена: Пасошите мора да важат минимум 90 дена од моментот на напуштање на Шенген зоната. Секој патник треба да има важечко патничко осигурување. Со резервацијата треба да се плати аванс од 50% од вкупната сума. Плаќањата во денарска противвредност ќе се пресметуваат со курс 1 еур = 62
 мкд.


ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
 

Целодневен излет на Барселона: цена на излетот: 65 € , деца до 12 години: 35 € – обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди: тргнување во утринските часови со автобус од хотел од Барселона. Се искачуваме на ридот Монжуик, кој се наоѓа во самиот центар на градот, на 213 метри надморска височина, од каде се пружа восхитувачки поглед на градот и пристаништето. Според легендата, самиот Дон Кихот ги набљудувал битките од ова ритче. Поминуваме покрај Олимпискиот стадион, каде моментално игра фудбалскиот клуб Барселона, и правиме пауза во познатото шпанско село – Пуебло Еспањол. Таму, 117 градби од сите 17 шпански покраини ќе ви ја доловат архитектурата на оваа прекрасна земја – сè на едно место. Потоа ги разгледуваме магичните фонтани, шпанскиот плоштад – Плаза Еспања, централниот Плаза Каталуња, како и најскапата улица во градот – Пасео де Грасија, каде се наоѓаат двете познати куќи на Гауди: Каса Батљо и Каса Ла Педрера.
И, секако, неизоставната базилика Саграда Фамилија – најпознатото дело на Антони Гауди, кое се гради веќе над 140 години. Ништо слично не постои во светот. Следи возење со автобус покрај Триумфалната капија и Паркот Сиутадела, по што ќе имате слободно време за индивидуални активности. Можете да го искористите за посета на Аквариумот, прошетка по Барселонета или по најпосетената улица Ла Рамбла, каде се наоѓа една од најубавите пазари во светот – Ла Бокерија. Во близина се и уличките на Готската четврт, кои кријат многу тајни и историски знаменитости од стариот град Барцино. Враќање на хотелот. 
 
Готска Четврт - 30€, деца од 2-12 години - 20€ Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства. Во оваа четврт се наоѓаат некои од најважните знаменитости на Барселона, како што се Готската катедрала (La Catedral de Barcelona), Плоштадот Рејал (Plaça Reial), како и остатоци од римскиот град Барсино. Готската четврт денес е жив културен центар, исполнет со кафулиња, музеи, галерии и улични уметници, кои и даваат уникатна атмосфера.

Аквариум Барселона - 35€, деца од 2-10 плаќаат 30€ Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

Музеј Дали + Гирона- 75€, деца до 12 години: 40€ Тргнување во утринските часови од хотел. Патувањето нè води кон бајковитата Гирона, град кој се наоѓа на североистокот на Шпанија, близу границата со Франција. Ќе прошетаме по улиците на стариот град и по некогашната еврејска четврт, ќе ја посетиме и импресивната катедраласо право наречена „Бисерот на круната на Гирона“. По базиликата Свети Петар во Ватикан, оваа катедрала има најширока предна фасада во светот – широка дури 55 метриЌе го видите и познатиот мост во јарко црвена боја, претходник на Ајфеловата кула, кој заедно со уште десетина мостови го краси градот и ја премостува реката Оњар, која го дели градот на два дела. По разгледувањето, следува слободно време за индивидуални активности. Потоа го продолжуваме патувањето кон Фигерас, родниот град на славниот уметник Салвадор Дали, каде тој го создаде својот фантастичен и неповторлив музеј, адаптиран од старото градско театарче. Овој музеј денес е еден од најпосетуваните во цела Шпанија.
 
Посетата на овој музеј е искуство кое треба да се доживее барем еднаш во живототсо необичната и уникатна поставка од делата на овој генијален уметник. По посетата следува слободно време во Фигерас и потоа враќање во хотелво вечерните часови. Гирона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед. Времетраење: 7 часа

Посета на Парк Гуел: 23€ - Откријте го магичниот свет на Антони Гауди со прошетка низ еден од највпечатливите паркови во Барселона – Парк ГуелУживајте во уникатната архитектура, шарените мозаици, панорамските погледи кон градот и волшебната атмосфера што го прави овој парк едно од најпознатите ремек-дела на модернизмот.

Парадокс музеј: 20€ Парадокс музејот во Барселона е забавно и волшебно место каде што ништо не е како што изгледа! Таму децата можат да влезат во свет на илузии, да видат соби што се вртат, да стојат на ѕидови, или да изгледаат како џинови или минијатурни луѓе. Сè е направено за да го збуни мозокот на забавен начин и да предизвика смеа и восхит.

Целодневна авантура во Порт Авентура: 50€  PortAventura е еден од најголемите забавни паркови во Европа, близу до Барселона. Тоа е вистински рај за деца, со магични светови, ролеркостери, водени слајдови и ликови од Sesame Street. Најмладите ќе уживаат во Sésamo Aventura, а постарите деца во возбудливи возења како Shambhala и Ferrari Land. Паркот нуди цел ден полн со смеа, игра и незаборавни авантури за целото семејство!

Музеј на чоколадото: 9€ - слатко и забавно место каде што децата можат да научат како се прави чоколадо – од зрно до чоколадно табло! Во музејот ќе видите скулптури направени од чоколадо, ќе дознаете приказни од историјата на чоколадото и можете сами да направите чоколадни форми. Совршено место за сите што го обожаваат чоколадото!

Барселона Зоолошка: 23€  Зоолошката градина во Барселона е прекрасно место каде што децата можат да видат над 2.000 животни од целиот свет! Има мајмуни, жирафи, слонови, пингвини и многу други. Во паркот има и игралишта, шоу со животни и едукативни зони каде што децата учат додека се забавуваат. Совршено место за семеен ден полн со авантури и животински пријатели!