ЕДНОДНЕВНА ПРОШЕТКА

СТРУМИЦА – СОЛУН
(со посета на црквите Св.Софија и Св.Димитрија)

Понеделник 09.12.2024

 

Поаѓање од Струмица во 07:00 часот од договорено место. Планирано пристигнување околу 10:00 часот по грчко време. Возилото ќе не остави на Белата Кула и од таму ќе се движиме пеш најпрво до црквата Св. Софија – прекрасен верски објект од Византиско време, со импозантна архитектура и мозаици во внатрешноста. По разгледот се упатуваме пеш кон црквата Св. Димитрија, посветена на светецот заштитник на градот Солун. По разгледот, слободно време за индивидуални прошетки покрај море, ручек, фрапé, шопинг...

Попладне, во договорено време поаѓање кон Струмица со попатна посета за новогодишен шопинг во JUMBO. Пристигнување во вечерните часови.

1.200 денари со автобус (при минимум 40 лица)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • Претставник од агенција
  • Организирани посети според програмата.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Патничко осигурување (не е задолжително)