ПРАЗНИЧНИ ПАТУВАЊА
 ПАРИЗ

ПАРИЗ – Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната... Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер. Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија. А потоа неколку и покрај Триумфалната капија, Нотр Дам. Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж...

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
 
Прв ден 13.12.2025 СКОПЈЕ – ПАРИЗ Состанок на групата на аеродром во Скопје во 04:00 часот. Полетување за Париз во 06:00 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air, W6 4719. Слетување во Париз на аеродромот Beauvais во 09:05 часот. Организиран трансфер до хотелот со панорамски разглед на градот со локален водич: Елисејските полиња, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, црквата Мадлена, операта Гарние, плоштадот Вандом, музејот Лувр, островот Сите, латински кварт, Богородичната црква, Сорбона, Луксембуршки парк, Дом на Инвалидите, Трокадеро, Ајфелова кула.. Сместување и слободно време за индивидуални активности. Препорачуваме посета на операта Гарние и познатата галерија Lafayette. Пред стемнување факултативна можност за посета на Ајфелова кула, превоз со метро. По заврашување на посетата на Ајфеловата кула можност за крстарење по Сена. Враќање во хотел. Ноќевање.
Втор ден 14.12.2025 ПАРИЗ (Версај) Појадок. По појадокот факултативна посета на дворецот Версај изграден од францускиот крал Луј XIV, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, салата со огледалата и прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј ХIV, со многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило (напомена: разгледот не вклучува посета на градините и фонтаните со музика). По завршување на посетата на Версај следи слободно време за прошетка и индивидуални активности. Препорачуваме посета и можност за ручек во Латински кварт (каде има многу ресторани кои нудат дневно мени за по 15-25 Евра по лице со специјалитети од француската кујна, има и продавници за сирења и кашкавали, винотеки итн), посета на Катедралата Нотрдам, прошетка во областа Сан Мишел, попатна посета на Универзитетот Сорбона, Пантеон (каде се погребани видни и значајни личности од француската култура, историја, наука како Жан Жак Русо, Марија и Пјер Кири, Волтер и други...) и можност за посета на Луксембуршките градини (доколку дозволуваат временските услови). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.  
Трет ден 15.12.2025 ПАРИЗ (Лувр) Појадок. По појадокот факултативна посета (со метро) на музејот Лувр, еден од најбогатите светски музеи, резиденција на француските кралеви повеќе од 700 год, се до нивното преселување во дворецот Версај. Дворецот поседува колекција од над 65.000 уметнички дела, меѓу кои и најпознатото дело на Леонардо Да Винчи, познатата Мона Лиза, античката скулптура на Венера и многу други. Слободно време за ручек. Попладне посета на квартот на сликарите Монмартр и Базиликата Sacré-Cœur која парижани ја нарекуваат“белата гулабица“, прошетката продолжува до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Мулен Руж. Враќање во хотел (со метро). Ноќевање
Четврти ден 16.12.2025 ПАРИЗ – СКОПЈЕ Појадок (ланч пакет). Организиран трансфер до аеродром (околу 05:30 часот поаѓање). Полетување за Скопје во 09:40 часот (W6 4720), слетување во Скопје во 12:25 часот.

Цена по лице во двокреветна соба 595 еур / 36.890 мкд
EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 20.11.2025 555 еур / 34.410 мкд
Доплата за еднокреветна соба 180 еур / 11.160 ден.
Хотелот НЕ располага со трокреветни соби


Во цената се вклучени следниве услуги:
 Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје со Wizz Air; Аеродромски такси
 3 ноќевања со појадок во хотел 3* (сместување само во двокреветни соби, нема трикреветни соби)
 Рачен багаж со (димензии 40x30x20 cm) макс до 10 кг.
 Организиран трансфер со автобус од аеродром до хотел и обратно
 Разглед на Париз со автобус и локален водич
 Пешачките тури кои се наведени во програмата
 Организација на патувањето
 Придружник за целиот престој во Париз

 

Во цената НЕ се вклучени следниве услуги:
*Доплата за багаж:
- Чекиран куфер (1 куфер до 10 кг.) _______ мкд.
- Чекиран куфер (1 куфер до 20 кг.) _______ мкд..
- WIZZ Priority + 1 small bag _______ мкд.
* цената на багажот е променлива, Ве молиме да се информирате при резервација.
- Билет за јавен превоз со метро и автобус во Париз (“carnet”) – 17,30€
- Влезница за Ајфелова Кула ( влезница до 2-кат 23€ / до врвот 36€ - се купуваат на лице место)
- Посета на Лувр - 35€ (влезница и пратител на групата),
- Посета на Версај - 95€ (влезница и пратител на групата, се патува со автобус само од хотел) вклучена е влезница за парковите,
- Крстарење по Сена – од 18€ до 21 часот без пијалок / од 30€ по 21-часот со вклучен еден пијалок
- Задолжително здравствено и патничко осигурување
- Туристичка такса околу 5,2€ по лице на ден (се плаќа во хотел),
- Доплата за еднокреветна соба 180€
 

Забелешки:
• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
• За резервации потребен е аванс од минимум 50% од вкупнот износ на аранжманоти копија од пасош.
• Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот
(авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 20 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
• Како би се направиле навремени резервации и осигурала реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување за истите задолжително е да се направи во агенција при резервација на аранжманот.
• Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
• Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

• За оваа програма важат Општите Услови на Патување