ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
ДУБАИ
СО АВИОН ОД СКОПЈЕ – ГРУПНО ПОАЃАЊЕ
ДАТИ НА ПАТУВАЊЕ 17-23.04.2025/ ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ 18-22.04.2025 (4 НОЌИ)
Хотел |
Услуга |
Тип на соба |
Цена по лице |
Ibis One Central 3* |
Ноќевање со појадок |
Стандардна двокреветна |
799€ |
Novotel WTC 4* |
Ноќевање со појадок |
Стандардна двокреветна |
849€ |
Цените се пакетни по лице изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места). Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во стандард двокреветна соба (плаќаат полна сума)
Детали од лет
TK1006 17APR SKPIST 2020 2300 // TK 866 18APR ISTAUH
0045 0610
TK 869 23APR AUHIST 0130 0525 // TK1003 23APR ISTSKP 0725
0750
17-18.04.25 -
Полетување од Скопје во 20:20. Слетување во Истанбул во 23:00 часот. Полетување
за Дубаи во 00:45 часот и слетување во Дубаи во 06:10. Трансфер до хотел во Дубаи.
Пријавување – влез после 14:00ч. Време за одмор и слободни активности. Во
вечерните часови можност за организирање на факулатативна екскурзија крстарење
по марината со вклучена вечера.
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise / после 19 часот (трае околу 3 часа со вклучен трансфер од/до хотел) – 70 ЕУР по лице
Во вечерните часови Марина dhow cruise – крстарење по Марината со вечера. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок).
19.04.25- ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ –ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour (4 часа) – 8-12 лица – 60 ЕУР по лице/ на српски јазик (ако се пријавени под 8 лица турата е индивидуална и е поскапа)
Попладне започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратко панорамска фотосесија на Atlantis и новиот најскапиот хотел Royal Atlantis. Застануваме за кратка фотосесија кај МАРИНАТА и одиме накај MADINAD SOUK или Мала Венеција – модерен пазар во направена т.н. традиоционална градба на стара арапска куќа, каде има најдобро место за фотографирање на Burj Al Arab. Нашата тура не носи попатно да ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи. Потоа продолжуваме кон Дубаи крик и го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува во BURJ KALIFA/ DUBAI MALL каде се фотографираме. Остануваме во трговсиот центар, индивидуално, за да ги гледаме вечерта распеаните фонтани (почнуваат после 18 часот на секои 30 минути). Индивидуално враќање во хотелот.
* напомена – можна е промена на рaспоред на движење и места за посета заради гужви во сообраќај, застои или забрани за движење и застанување
Burj Khalifa (САМО влезници 60 евра normal hours/ prime hours 1530-1800 часот влезници 75 евра), за 124 кат.
20.04.25 - ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ПОПЛАДНЕ ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА - после 14.30 часот до 21 часот (со вклучен трансфер од/до хотел) – 60 ЕУР по лице Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон емиратот Шаржа и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. По краткиот одмор и пауза, продолжуваме со возење по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалкохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.
21.04.25 – ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА - ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ (7 часа) - 8-12 лица – 90 ЕУР по лице/ на српски јазик/ БЕЗ ВКЛУЧЕН РУЧЕК (ако се пријавени под 8 лица турата е индивидуална и е поскапа). Излетот почнува од Дубаи, се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината покрај брегот до Абу Даби - главен и административен град на ОАЕ. Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај брегот и големиот број на острови. Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот. Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е погребан во оваа џамија. Може да прими 40000 верници а главниот двор 9000. Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници. Џамијата има 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри, има 57 куполи кои се украсени со мермер. Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Возиме покрај претседателската палата и брегот, шеталиштето на АБУ ДАБИ. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace, најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*) – панорамски разглед. Потоа имаме кратка пауза во Heritage village. Турата ја завршуваме во YAS ILAND со кратко застанување во FERRARI WORLD. !!! НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони со покриен глужд (да не е тесно), долги ракави, а за жените е задолжителна марама. * напомена – можна е промена на рaспоред на движење и места за посета заради гужви во сообраќај, застои или забрани за движење и застанување или затворање на влез на некои објекти заради посети од високи владини делегации
22.04.25 – Попладне
тура ПОСЕТА НА MIRICLE GARDEN и GLOBAL VILLAGE/ 75 евра по лице (за минимум
пријавени 8 лица) . Неверојатно голем простор кој се наоѓа во сред пустина.
Вистинска оаза!!! Различни форми, големини, фигури направени од цвеќе. Тука се
останува околу 1,5 час и после продолжуваме кон големиот модрен панаѓур на
Дубаи со штандови од сите земји од светот. Трансфер до хотел (за да го земеме
багаж) и продолжуваме до
аеродором.
23.04.25 -
Полетување од Абу Даби за Истанбул во 01:30 часот.
Слетување во Истанбул во 05:25 часот и полетување за Скопје во 07:25 часот. Слетување
во Скопје во 07:50 часот.
Цената е валидна за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ. Цените се ПАКЕТ дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба СТАНДАРДНА ДВОКРЕВЕТНА за минимум 2 лица во соба (две полноплатежни суми)
Цената вклучува:
Цената НЕ вклучува:
*** МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПНО ПАТУВАЊЕ – 10 ЛИЦА
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ: Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 15 дена пред поаѓање
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
Важни напомени: За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош. Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.
НАПОМЕНА - Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои не може да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од оваа програма. Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).