Султанат Оман се наоѓа точно на југоисточниот агол на Арапскиот
полуостров. Територијата на државата од две страни ја заплискуваат мориња: Арапско
море и Индиски океан на југоисток и Омански залив на североисток. Граничи со ОАЕ,
Саудиска Арабија и Јемен.
Оман е независна држава со официјален назив Султанат Оман. Главен и воедно
најголем град е Мускат. Оман има популација
од 5,28 милиони жители. Оман е апсолутна монархија предводена од Султан, со моќ
која се пренесува по машка линија. Qaboos bin Said е Султанот кој ја предводи
државата од 1970 се до неговата смрт во 2020 година и кој за свој наследник го
именува својот братучед Haitham bin Tariq а владеачкото семејство го потврдува
тоа со оглед на фактот што тогашниот Султан немал свој машки потомок.
Како поранешна
поморска империја, Оман е најстарата постојано-независна држава во арапскиот свет.
Таа е членка на Обединетите нации, на Арапската лига, Советот за соработка во
Заливот, Движење на Неврзаните и Организацијата за Исламска соработка. На
глобално ниво се наоѓа на 22-ро место по резерви на нафта. Во 2010 година,
Обединети Нации ја рангираа Оман како земја со најбрза развиеност и со економија
која вклучува туризам и трговија.
Салала има тропска клима со сезонски
врнежи од крајот на јуни до крајот на септември како резултат на монсунските
ветрови од Индискиот океан заситувајќи го летниот воздух со влага. Летните
температури во Салала се движат од 20˚С - 30˚С што е релативно
посвежо во однос на северен Оман.
Ако го напишете името на државата Оман на Google, ќе ви се прикажат фотографии
од зеленило, водопади, егзотични плажи и пустина. Ова е уникатна дестинација
бидејќи никаде на друго место на Блискиот Исток нема да најдете природно зеленило
и врнежи од дожд.
Оман е туристичка дестинација која
сеуште не е зафатена од масовен туризам па поради тоа привлекува патувачи кои
копнеат по мирен одмор. Локалното население е исклучително љубезно, гостопримливо
и многу добро образовано. Персоналот по хотелските ресорти се локално население,
тие претпочитаат да работат во услужниот сектор и се многу горди на тоа.
Одморот и патувањата во Салала се насочени исклучиво во зимскиот период кога мал број места на планетата се топли и идеални за “топла зима“. Затоа, Оман е совршена алтернатива “да се стоплиме“ во зимските месеци. Како дестинација, не е толку далеку како што се азиските земји туку на само 5 часа лет од Балканот. Во 2012 година за прв пат Салала ја посетија скандинавските туристи, потоа дојдоа германските туристи и им се допадна тоа што го видоа, три години потоа Чесите и Полјаците а во 2014 година Италијанците. Оваа година Оман ќе ги пречека туристите од Балканот.
Салала е дестинација за туристи кои сакаат повеќе од уживање на плажа – многу е популарен
авантуристичкиот туризам односно, нуркање, снорклинг, пустинско сафари. На
плажите може да сретнете морски желки а коралите и рибите се забележуваат во
плитките води директно од брегот.
Локалците се пријатни и услужливи, добро образувани, сите зборуваат англиски и
секогаш се подготвени да ви бидат на услуга. Тие многу добро знаат како да ги
пречекаат своите гости.
Најважно нешто што туристите треба да знаат е дека државата е една од
најбезбедните и најрелаксирани земји во светот, со најљубезните домакини. Во
земјата нема криминал бидејќи законите се многу строги.
Што се однесува до алкохолните пијалоци – на туристите им е дозволено да
купуваат алкохол од бесцарински продавници а многу од ресортите го вклучија и
во својот “all inclusive”
концепт. Но, добро е да се знае дека и таму има ограничувања како и во секоја
муслиманска држава.
Каков сувенир да понесете од Оман? – Сребрен темјан Al Khojari од растението boswellia sacra која расте во Дофар и е исклучително мирисна. Се користи во цркви, џамии,
медицина, како состојка на познатиот парфем Amouage чиј оригинал се произведува само
во работилницата за парфеми Султан.