ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ТУРИ

Полудневна обиколка на Салала / поаѓање од хотел во 09:00ч., враќање околу 13:30ч.
Екскурзијата започнува со најважниот град во областа Дофар – Салала, земја на митови и легенди. Во друштво на локален лиценциран водич ќе ја посетиме големата џамија изградена во традиционален исламски архитектонски стил. Следува разглед (надворешно) на Султанскиот дворец – резиденцијата на Султанот, археолошкиот парк Ал Балид кој ја раскажува историјата на Оман низ влијателни фотографии. Потоа ќе поминеме низ плантажи на кокос, банани, папаја и урми со неколку попатни застанувања за пазарење во локалните пазари и за фотографирање.
Препорачана гардероба: комотни обувки, долго здолниште и долги ракави за жени
Цени:
од хотел Wyndham 65 еур за возрасен, 32 еур за деца од 3-12 год (при минимум 8 пријавени)
од хотели во Салала 55 еур за возрасен, 27 еур за деца од 3-12 год (при минимум 8 пријавени)
од хотели во Hawana 60 еур за возрасен, 30 еур за деца од 3-12 год (при минимум 8 пријавени)

Полудневна тура до Дофар и Така / поаѓање во 13:30ч., враќање околу 18:30ч.
Полудневна тура со џипови низ природни пејзажи, мистериозни баобаб дрвја и ретко видени егзотични пустински рози, до планината Самахан и археолошкиот објект Хор Рори – древен пристанишен град и дел од светското наследство на УНЕСКО. Ќе ја посетиме пустинската оаза Вади Дербат – едно од најубавите и најпопуларни места во Оман и низ богатата и дива природа ке го дочекаме залезот на сонце додека пиеме омански чај со кардамон и шафран. Потоа на платото Таках ќе ѝ се восхитуваме на глетката кон Индискиот океан...
Препорачана гардероба: комотни обувки, капа или шешир, крема за заштита од сонце
Цени:
од хотел Wyndham 75 еур за возрасен, 37 еур за деца од 3-12 год (при минимум 8 пријавени)
од хотели во Салала 75 еур за возрасен, 37 еур за деца од 3-12 год (при минимум 8 пријавени)
од хотели во Hawana 75 еур за возрасен, 37 еур за деца од 3-12 год (при минимум 8 пријавени)

Залез во Оманската пустина / поаѓање во 13:30ч враќање околу 20:30ч.
Во една од најпознатите и најголеми пустини во светот Руб-ал-Кали ве очекува возбудлива авантура со џип во стилот на арапските ноќи. Поминувајќи низ долината Вади Дока ќе може да видите редок вид на едногрба камила со темно крзно, ќе стигнете до мистериозниот град Убар. Меѓу песочните дини ќе го дочекате зајдисонцето обоено во златни и портокалови нијанси, пиејќи ароматичен чај и дегустирајќи урми...
Препорачана гардероба: комотни обувки, капа или шешир, крема за заштита од сонце, палто, марама, наочари
Цени:
од хотел Wyndham 130 еур за возрасен, 65 еур за деца од 3-12 год (при минимум 7 пријавени)
од хотели во Салала 120 еур за возрасен, 60 еур за деца од 3-12 год (при минимум 7 пријавени)
од хотели во Hawana 125 еур за возрасен, 63 еур за деца од 3-12 год (при минимум 7 пријавени)

Магијата на пустината од залез до зори / поаѓање во 13:30ч. враќање следниот ден околу 09:30ч.
Ви гарантираме дека ќе ја имате нај магичната ноќ на ова патување. Со удобни и моќни џипови ќе стигнеме до познатиот Empty Quarter во пустината Руб-ал-Кали до високите песочни дини кои на зајдисонце изгледаат како да ја впиле топлата портокалова боја на сонцето и се претвориле во ситен црвен песок. Ќе преноќите во камп и ќе уживате во типична бедуинска вечера на свеќи и под ѕвезденото пустинско небо.По изгревањето на сонцето ќе појадувате во пустината а потоа низ Вади Дока, легендарниот Убар и долината со темјан, ќе се вратите во хотел ... една незаборавна авантура
Препорачана гардероба: комотни обувки, капа или шешир, крема за заштита од сонце, палто, марама, наочари
Цени:
од хотел Wyndham 210 еур за возрасен, 105 еур за деца од 3-12 год (при минимум 7 пријавени)
од хотели во Салала 195 еур за возрасен, 97 еур за деца од 3-12 год (при минимум 7 пријавени)
од хотели во Hawana 200 еур за возрасен, 100 еур за деца од 3-12 год (при минимум 7 пријавени)

Фазаја – бисерот на Индискиот океан / поаѓање во 09:00ч. , враќање околу 15:00ч.
Ова е екскурзија за љубителите на природата и адреналинот. Се патува со џипови по висок терен, меѓу магични глетки на плажата Мугсаил каде чести гости се розевите фламинга. Од “Планината на Месечината  (1200 м.) има уникатен поглед кон долината Вади Аффул опкружена со темјан и пустински рози. Во одреден период во годината овде се забележува природен феномен познат како природни фонтани Мугсаил – млазови вода кои се пробиваат низ карпите на познатата пештера Марниф. Патувањето завршува на плажата Фазаја со пикник (ручек)
Препорачана гардероба: апостолки, костим за капење, крема за заштита од сонце, марама, наочари
Цени:
од хотел Wyndham 120 еур за возрасен, 60 еур за деца од 3-12 год (при минимум 7 пријавени)
од хотели во Салала 105 еур за возрасен, 53 еур за деца од 3-12 год (при минимум 7 пријавени)
од хотели во Hawana 110 еур за возрасен, 55 еур за деца од 3-12 год (при минимум 7 пријавени)