САЛАЛА - Оман

Авионска програма со чартер лет од Софија
7 ноќевања – 8 дена


Во програмата се понудени хотели од различни категории и различен концепт на услуга

 

Информации за летови:

Заминување FB5663 Софија 06:00 – Салала 13:35

Враќање FB5564 Салала 15:10 – Софија 21:20

Тип авион: Boeing 737

Авиокомпанија: BULGARIA AIR

*Авиокомпанијата го задржува правото за промена на време на полетување или слетување.

 

ПРОГРАМА:

Ден 1. Заминувањесо чартер лет на релација  Софија-Салала-Софија. Слетување на аеродром во Салала и средба со претставник од партнер агенцијата. Групен трансфер до одбраниот хотел. Сместување во хотел после 14:00 ч.

Ден 2 - 7. Слободни денови или по желба - дополнителни екскурзии кои се запишуваат на лице место а се организирани од локалната партнер агенција.

Ден 8. Ослободување на собите во хотелот. Трансфер до аеродром Салала во објавено време. Полетување кон Софија.

*Програмата e пример за сместување со 7 ноќи.

Можност за доплата за индивидуален - директен трансфер до хотелот, со претходна резервација во агенција


Пакетните цени вклучуваат:

Чартер лет Софија – Салала - Софијао технички стоп во Мускат) со вклучени аеродромски такси и багаж до 20 кг. чекиран и до 10 кг. рачен (55 х 40 х 23). Дозволен багаж за бебиња до 1,99 г. е 10 кг. чекиран и до 10 кг. рачен + бебешка количка.

• 7 ноќи во хотел по избор на соодветна услуга.

Групен трансфер аеродром - хотел – аеродром.

Претставник од агенција на аеродромот во Софија

Претставник на дестинацијата од страна на локалната партнер-агенција

 

Пакетните цени не вклучуваат:

• Такса за гориво ( забелешка најдолу во текстот).

• Дополнителни екскурзии, посета на туристички објекти и влезници.

 

УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

1. Резервација се прави со уплата на депозит од 50% од вкупната сума, доплата се врши 30 дена пред датумот на патување

1.При незапазување на рокот за плаќање, туроператорот има право да го прекине договорот за патување и да ја анулира направената резервација, депозитот не е рефундабилен

2 Патникот има право да го прекине договорот за патување во било кое време при што следуваат отказни трошоци:

- ако отказот е направен до седмиот работен ден по склучување на договорот и во случај да договорот е склучен повеќе од 30 дена пред датата на патување отказниот пенал е 50 еур по лице.

- За секоја промена после првичното запишување се плаќа манипулативен трошок во износ од 30 еур.

- При отказ на патувањето после рокот од 7 работни дена по резервирање, се применуваат специјални услови за пенали пропишани од туроператорот.

 

1. Минимален број на патници за ова патување е 100 лица.

2. Неопходни документи за патување:валиден биометриски пасош со валидност од повеќе од 6 месеци од датата на враќање.

3. За Македонски државјани не е потребна виза

4. Такса за гориво: Поради постојано менување на цените на гориво, авиокомпаниите можат да

побараат т.н. такса за гориво /fuel surcharge/. Во таков случај се доплаќа сума пресметана над сумата добиена по формулата подолу и е важечка за сите резервации независно кога се направени. Ако има таква промена, информација за износот се соопштува 20 дена пред лет, а при помалку одт 20 дена пред

 патување, истата се плаќа во рок од 3 дена од денот на соопштување. Формула за калкулација на тон за 1 /една/ линија – Софија – 800 усд на тон, Салала – 800 усд на тон и курс на евро-усд 1,00 = 1,00: ((X-Y) x Z)

+ ((X1-Y1) x Z1)/број на седишта = НЕТО ГОРИВНА ТАКСА, каде X е актуелна цена на гориво /пред или по време на програмата /, Y е гореопишаната цена на гориво дадена во понудите, а Z - среден расход на гориво во тон по линија Софија – Салала, а X1, Y1 и Z1 се истите компоненти но по обратна линија Салала – Софија.

 

Права на патникот:

Патникот има право да го пренесе договорот за патување на друго лице, со претходна писмена изјава не покасно од 7 дена пред полетување и со писмено одобрение од туроператорот.  Лицето кое врши пренос и лицето на кое се пренесува договорот се должни за доплатата на аранжманот со вклучена такса за промена доколку е побарано од туроператорот.

• При резервација за време на промоција, патникот има право да направи промена на дата на патување или  пренос на друго лице во рок од 7 дена сметано од датумот на склучување на договорот, во писмена форма.

 При незапазување на посочениот рок за промена, се доплаќа редовната цена пред објавување на промоцијата.

• При резервација за време на промоција, во случај на отказ од патување и невозможност да се смени датата на патување, по рокот од 7 (седум) дена по резервирање, патникот губи 100 % (сто проценти) од уплатената сума.

• Резервација се смета за валидна, само ако е потврдена од Туроператорот во рамките на 48 часа. Ако

не биде потврден бараниот хотел, Туроператорот може да предложи на патникот други можности за сместување. Во случај патникот да не ги прифати предлозите, има право на поврат на депозитот.


 Општи услови:

Резервации со попуст се валидни само со уплата и према објавените услови.

• При сместување в соба тип – трокреветна (TRPL), или двокреветна со дополнително легло (DBL + ex.

bed), не се гарантираат 3 редовни легла.

• При сместување на 2 возрасни со 1 или 2 деца (DBL + 1 chd; DBL + 2 chd), третото и четвртото легло секогаш  се дополнителни, тип на распуштање.

Соби со поглед на море се гарантираат само во хотели во кои има објавено доплата за истите.

Соби тип PROMO и ECONOMY се со пониска цена и се со помал размер од стандардните, со

крајна местоположба во хотелот, на приземје, без балкон или тераса, со мала бања и различна опременост..

Сместување во хотелите е по 14:00 ч., а ослободување на собите до 12:00 ч. на денот на заминување, освен во случај кога од хотелот не е укажано различно. Во денот на пристигање (пред 14:00 ч.) и на напуштање (по 12:00 ч.) услугите во хотелите се доплаќаат вклучително храна и напитки. Бројот на оброци во хотелите соодветствува на бројот на резервирани ноќи. Пример: при резервација за 7 ноќи се користат 7 појадоци, 7 вечери или ручеци и меѓуоброци во случај на база Аll inclusive.

• Туроператорот не сноси одговорност за загубен, украден или заборавен багаж за време на патувањето или престојот во хотелот.

• Туроператорот и локалните партнери можат да укажат помош во случај на потреба од медицинска помош, но не сносат одговорност при незапазување на општите услови на осигурителната полиса од страна на корисникот.

• Концептите на All inclusive; Ultra All incl; High class all incl и др. се определуваат индивидуално од секој хотел и не гарантираат достапност на определени видови храна, напитки и услуги.

• Лица кои патуваат со еден родител или без родители, освен пасош, треба да приложат и нотарска изјава од  единиот или од двајцата родители и извод на родени, како и копија од истиот.

• Поради динамичност на цените, попустите и промоциите можат да бидат прекинати или променети пред дадениот термин на истекување на истите.