ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
СИЦИЛИЈА

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
5 дена / 4 ноќевања


17.04.2025 (четврток) СКОПЈЕ – ТИРАНА  – КАТАНИЈА
Состанок на групата на Дрводекор во 13:00 часот. Поаѓање за Тирана во 13:30 часот. Полетување од Тирана за Катанија во 23:20 и слетување во 00:55 часот во Катанија. Трансфер до хотел и сместување. Ноќевање.

18.04.2025 (петок) КАТАНИЈА – НОТО – СИРАКУЗА    Појадок. Факултативен излет Ното и Сиракуза. Прошетка низ градот Ното, познат по најубавите згради во сицилијански барок стил кои датираат од 18 век. Секој мај овде се одржува единствениот фестивал на цвеќето – Infiorata. Уметниците користејќи разнобојни латици од специјални видови цвеќиња, прават слики налик на мозаици. Прошетка по централната улица покрај градската порта, црквата Свети Кјара и катедралата Свети Никола, палатите Дичезио и Николачи. Патувањето продолжува за Сиракуза, која била најзначаен и најубав град во покраината, која античките Грци ја нарекувале Мagna Grecia, позната уште како градот на Архимед. Разглед на центарот на градот кој се наоѓа на островот Ортиџа – остатоци од Аполоновиот храм – најстариот грчки храм на Сицилија, градското собрание, фонтаната на божицата Дијана, катедралата над некогашниот храм на Минерва… Враќање во хотел.  Ноќевање.

19.04.2025 (сабота) КАТАНИЈА – ЕТНА – ТАОРМИНА  Појадок. Факултативен излет до симболот на Сицилија – вулканот Етна – највисокиот активен во Европа. Патот не води низ пределите, низ кои некогаш поминувала вжештената лава. По пристигнување на највисоката дозволена висина – 1800 метри, истражување на кратерот Силвестри и околината. Враќање во Џардини Наксос. Во попладневните часови, посета на сликовитата Таормина, со јавен превоз, едно од најубавите гратчиња во Италија, изградено на брдото Monte Tauro од каде се пружа фантастичен поглед на околината и брегот. Ова место, познато уште како бисерот на Медитеранот, поради својата положба и шармот, ги привлекува туристите од целиот свет. Прошетка низ горниот дел од градот, во кој се влегува низ Porta Mesina,  пешачката зона Corso Umberto, плоштадот Виктор Емануел, катедралата, грчко-римскиот театар од 3 век пне. Таормина е гратче за уживање, добро капучино или аперитиво, на некоја од панорамските тераси. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

20.04.2025 (недела) ПАЛЕРМО Појадок. По појадокот факултативно заминување кон Палермо со локален водич. Разглед на градот и неговите културно историски знаменитости. Ќе можете да ја посетите Палатата на Норман, Новата Капија, катедралата, плоштадот Виљена и фонтаната на срамот,”Quattro Canti”, Црквата Марторана, театрите Политеама и Масимо. Враќање во Катанија. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

21.04.2025 (понеделник) КАТАНИЈА – ТИРАНА – СКОПЈЕ  Појадок.  Разглед на градот со неговите културно историски знаменитости по договор со локалниот водич. Овој град под Етна, после бурната историја и земјотресот, обновен е во 17 век во барок стил и е најголемо пристаниште и стопански центар на Сицилија. Пешачки разглед на историскиот центар. Меѓу многуте раскошни палати и цркви, се истакнува катедралата која го носи името на Света Агата – заштитничка на градот. Прошетката продолжува покрaj рибниот пазар, еден од најпознатите во цела Италија, дворецот Урсино изграден во 13 век, Универзитетот, улицата Via Crociferi… Слободно време за уживање и освежување со највкусниот сладолед и сицилијанскиот десерт – Гранита. Трансфер до аеродромот во Катанија. Полетување за Тирана во 21:20, слетување во 22:45 часот и трансфер до Скопје.

22.04.2025 (вторник) СКОПЈЕ  Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ = 695€ (43.090,00 мкд)
Попуст за дете 2-11,99 год. = -90€ (-5.580,00)
Попуст за трет возрасен 12+ год. = -70€ (-4.340,00)
Доплата за еднокреветна соба = 160€ (9.920,00)
На барање ! - сместување на дополнително легло, софа на спуштање, доколку има расположливост.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
-Организиран трансфер Скопје – Тирана – Скопје 
-Авионски превоз на релација Тирана- Катанија – Тирана (Wizz air)
-Аеродромски такси 
-Кабински багаж (1 торба до 8 кг. со димензии 40х30х20см)
-Сместување во хотел со 3* во Катанија на база 4 ноќевања со појадок - 4 В&В
-Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Катанија
-Пешачки разглед на Катанија со локален водич
-Пратител од Македонија за време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Туристичка такса 496,00 денари / 8 еур (2€ по лице од ноќевање) – се плаќа во агенција
-Факултативен излет Ното и Сиракуза (трансфер и локален водич) – 70€  
-Факултативен излет Етна (до 1900м)  и Таормина (трансфер и локален водич) – 80€
*можност за искачување до 2920м надморска височина со доплата +95€  (жичара од 1900 – 2520 м, џип до 2920м и водич)
-Факултативен излет Палермо (трансфер и локален водич) – 75€  
*Вленици за културно-историски споменици:
-Археолошки локалотет Сиракуза – 35€ 
-Грчки театар во Таормина – 20€
-Патничко осигурување
-Останати не споменати услуги
*Доплата за багаж:
-Чекиран куфер (1 куфер до 10 кг.)      ден.
-Чекиран куфер (1 куфер до 20 кг.)     ден.
-WIZZ Priority + 1 small bag     ден.
*цената е променлива, инфо во агенција при резервација)


ЗАБАЛЕШКИ:

•Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 20.
•За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот и копија од пасош.
•Целосна уплата, најдоцна дваесет (20) дена пред започнување на аранжманот.
•Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
•Организаторот на  патувањето го  задржува  правото, во случај  на промена на  цената  на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
•Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи. За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
•Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
•Организаторот го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето