Harmonija Hotel претставува објект од типот на апартмани од висока категорија. Со својот луксузен дизајн, со примеси на алпски стилови, со широки стаклени отвори и употреба на камен и дрво, создава посебна врска со природата и овозможува извонредно уживање во погледот на прекрасните падини на најголемиот зимски туристички центар - Копаоник.
А ла карт ресторанот на гостите им нуди класици од светската и локалната
гастрономска сцена, како и софистицирани вински етикети од локални и регионални
винарии.
Хотелот нуди СПА центар со разнолични процедури за тело, отворен и затворен
базен, џакузи, финска сауна, солена соба, турска бања, топли лежалки, ресторанска
тераса, конференциска сала, галерија.
Ресортот се наоѓа на 1.327м надморска височина на падините на Копаоник, во населбата Викенд Насеље. Од центарот на Копаоник е на 6 км, а од најблиската скијачка патека Сунчана Долина на 2,8 км.
Поради променливоста на цените, ве молиме контактирајте нé за понуда |