ДВОДНЕВНО ПАТУВАЊЕ ДО НАЈГОЛЕМИОТ БОЖИЌЕН БАЗАР ВО ГРЦИЈА
ТРИКАЛА– Тесалија (со целодневна
посета на Метеори)
(СО
АВТОБУС / 1 НОЌЕВАЊЕ / 2 ДЕНА)
Трикала е град кој комбинира иновации и култура со почит кон
локалната историја, секогаш изнаоѓајки интересни и возбудливи решенија за
своите посетители. Покрај тоа, Трикала е пријателски град кој нуди посебни
локални вкусови и пијалоци со висок квалитет, правејќи посетителите да се
насмевнат, да го истражуват градот со велосипеди и чамци по реката Литеос или
да шетат по уредените паркови и музеи.
*****
08.12.24 недела:Поаѓање од Струмицаво 06:00 часот од договорено место. Влез во Грција преку граничен премин Богородица-Евзони. По пасошките формалности групата продолжува према Манастирите Метеора, со попатна посета на долината на клисурата Темби и Црквата Св. Петка. По пристигнување на комплексот Метеори предвидена е посета на Големиот Манастир, изграден во 14-ти век до кој се стигнува качувајки се по 400 скали. Слободно време за разглед. Доколку дозволува времето можност за посета и на Манастирот Варлаам.По разгледот на манастирите, заминуваме кон Каламбака. Попатна посета на фабриката за икони. По посетата на фабриката и продавницата за икони, се сместуваме во хотел. Ноќевање.
09.12.24 понеделник По појадокот, поаѓаме конТрикала, волшебно место каде што се чувствува посебна магија за време на Божиќните празници.Вашите најмили можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да направат прекрасни фотографираат со џуџињата, да цртаат, да гледаат, но и да учествуваат во активностите на џуџињата. Забавниот парк ќе ги импресионира како најмалите така и возрасните.И овој Божиќ, во работилницатата на џуџињата се работи со полна пареа. Не пречекуваат во нивните топли пекари со привлекувачки мирис и убава глетка. Божиќ во работилницата на џуџињата е најслаткиот, најбаковит и најволшебен. Џуџињата на Дедо Мраз, глувчињата, пекарите, самовилите и многу нивни асистенти им нудат на посетителите незаборавни моменти.Целодневна забава за сите. Во доцните попладневни часови поаѓаме накај Македонија. Пристигнувањево вечерните часови.
Цена по лице: 5.900 денари |
Во цената е вклучено:
автобуски превоз на дадената релација
професионален водич
сместување во двокреветни / трокреветни соби со појадок
организација и водство на аранжманот
Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување (информации во агенцијата)
Влезници во манастирите – (се плаќаат на лице место)
туристичка такса 3 еур на соба на ноќ (се плаќа на рецепција)
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
Резервација се прави со депозит од 50% од износот, доплата 14 дена пред
поаѓање.