ЛЕТО 2025
ЈОНСКИ БРЕГ - Парга и Врахос

 

ЈОНСКИ БРЕГ - Убавата страна на Епир...Како еден од најубавите брегови на Медитеранот, Јонскиот брег претставува незаменлив бисер во ѓерданот на морските убавини кои ги нудат двете блиски мориња. Веќе доволно познат на македонскиот пазар, Јонскиот брег со својата неисцрпна понуда, секоја година не иницира да откриеме уште некое ново место кое ќе го привлече вашето внимание. Ако се потсетиме на предходните понуди, тука се секако незаменливите монденски летувалишта Сивота и Парга. Но оваа летна сезона, покрај нив, сосема  оправдано ќе ги додадеме и блиските места Врахос и Канали. Проширувањето на понудата е пред се' поради зголемувањето на вашиот избор, а притоа воедно и дополнително да ги истакнеме природните убавини на овој по многу нешта единствен регион во средоземјето. 


Вила Матина
  е убава куќа, лоцирана на десната страна на Парга во близина на патеката која води кон големата плажа Валтос. Во својот состав брои неколку студија кои се опремени со соодветен мебел, Wi-Fi, тоалет, мини кујна, ТВ и клима уред, како и балкони со поглед кон градот. Нивната уреденост и локација, како и одличниот сервис на домаќините, го издвојуваат како одличен објект за сместување при престојот во прекрасната и единствена Парга. Вилата има убаво уреден двор со ѕидана скара, маси и столици.


Вила Евис се наоѓа во близина на плажата Валтос, која се наоѓа западно од градот и оддачечена е околу 20 минути пешачење од центарот на Парга. Плажата Валтос е на 550 метри од објектот, исполнета со ситен песок и камења и се карактеризира со прекрасно зеленило кое се наоѓа веднаш до плажата, како и со кристално чиста вода. Вилата е опкружена со двор и е вистинскиот избор за љубителите на природата.

Вила Евис има двокреветни и трикреветни студија кои се удобни и убаво уредени. Секое студио има опремена кујна, бања и тераса како и ТВ и клима. Користењето на клима уред се доплаќа 5 евра од ден на лице место.

Вила Филоксенија
се состои од два објекта кои се наоѓаат во близина на плажата од левата страна на Врахос, гледано во правец кон Превеза и Лефкада. Вниманието на гостите го привлекува со нејзиниот современ изглед, пространиот и со зеленило збогатен двор, како и со убаво уредените единици за сместување. Сите единици се карактеризираат со посебни спални соби, дневни соби со каучи на отворање, мини кујни, тоалет и балкони со гарнитури за седење. Близината до големата плажа, како и до останатите содржини во ова попознато туристичко место, вилата Филоксенија ја издвојуваат како квалитетен објект за престој во текот на летната сезона. Евентуалната потреба за паркинг е можна во непосредна близина на објектот.

-10% ПОПУСТ за уплати до 31.01.2025
Цените се дадени за наем на студио за 7 / 9  ноќевања (без превоз)

ЈОНСКИ БРЕГ

наем

ЈУНИ

ЈУЛИ

АВГУСТ

СЕПТЕМВРИ

студио/апартмани

термин

7

14

21

28

7

16

25

3

12

21

30

6

13

20

(7 или 9 ноќевања)

ноќевања

7

7

7

9

9

9

9

9

9

9

7

7

7

7

EVIS "B" (tv, ac+)

STD 1/2 (2 лица)

256

301

375

504

558

612

612

612

612

576

406

361

284

210

Парга

STD 1/2+1 (3 лица)

270

319

396

531

590

648

648

648

648

608

431

382

301

221

MATHINA "B"
(tv, ac+)

STD 1/2 (2 лица)

256

301

375

504

558

612

612

612

612

576

406

361

284

210

Парга

STD 1/2+1 (3 лица)

270

319

396

531

590

648

648

648

648

608

431

382

301

221

PHILOXENIA "B"
 (tv, ac+)

APT1B 1/2+exb (3 лица)

280

340

390

490

590

590

590

590

590

550

400

350

290

250

Врахос

APT1B 1/2+2 (4 лица)

320

400

460

590

690

790

790

790

790

710

520

450

350

300

 

*Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 

Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 / 9  ноќевања (без превоз).

Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

 

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ 

За употреба на клима уред (ac+) се доплатува 7€ на ден во објектот (каде што е достапен)

Доплата за туристичка такса 2 € по студио/апартман на ден (се плаќа во објектот)

Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата)

** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.

Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата на осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)  

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 

1 ден:  Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент. Влез во објектот по 14:00 часот или во време во договор со домаќинот. Ноќевање.

2 - 7 ден:  Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции  и културно-историски локалитети. Ноќевање.

8 ден:  Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.

 

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ          

Цена на повратен автобуски превоз:  70 EUR (50 EUR за дете 02 до 12 год.) 

 

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:

- Скопје, во  00:30 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")

- Велес, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)

- Градско, во  01:10 ч.  (патарина Градско)

- Росоман, во  01:20 ч.  (БП Црна Река петрол 1)

- Прилеп, во  02:15 ч.  (БП Лукоил)

- Битола, во  03:15 ч.  (паркинг кај спортска сала)

 

Поаѓање од Грција: 

- Истиот ден попладне.

 

- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 

- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 

- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ

* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);

* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.

* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од  вашиот оператор

* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот лежај (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.

* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;

* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите

* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.

* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.

* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите. 

   Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.

 

Цени и услови на плаќање

* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2025 година, или до објава на нов ценовник.

* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

 

Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:

1. За резервации со рана резервација (рани попусти - EB):

- 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;

- 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;

* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето

2. За резервации по Општа понуда - со редовни цени (освен EB и LM)

- 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,

- 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,

- 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;

3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

 

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите 

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за  пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот). 

* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !

Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:

- за отказ  до 30 дена пред патувањето 30%

- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%

- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%

- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%

- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.

За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, 

доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

 

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.