НОВОГОДИШНИ ПАТУВАЊА
БУДВА – ДУБРОВНИК – ТИВАТ – КОТОР
1 ден: 30.12.2024 год. Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот СЦ “Борис Трајковски“ во 23.00 часот со туристички автобус. ( Поаѓања вклучени во цената од Прилеп 20.00 часот; Кавадарци во 21.15 часот; Кочани 20.00 часот; Гевгелија 19.00ч; Струмица 20.00 часот; Радовиш 20.30 часот; Штип 21.30 часот; Велес 22.00 часот и Куманово 22.00ч ). Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.
2 ден: 31.12.2024 год. Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2025 година пред платото на Стариот град во Будва со новогодишен концерт или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови. Ноќевање.
3 ден: 01.01.2025 год. Појадок. Заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија...Попладне враќање во Будва. Слободно време. Вечерта реприза на новогодишната ноќ со организирани концерти пред Стариот град во Будва. Ноќевање.
4 ден: 02.01.2025 год. Појадок. Заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Патувањето продолжува за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.
ЦЕНА: 99 евра (6.100 денари) за приватно сместување 129 евра (7.950 денари) за сместување во хотел со 3* |
Во цената се пресметани следните услуги:
-Превоз со туристички автобус на дадената релација; ( поаѓања вклучени во цената од Прилеп, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Штип, Велес, Куманово )
-Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок;
-Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања;
-Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување;
-Посета на Св.Стефан;
-Организација и пратител на патувањето
Во цената не се
пресметани следните услуги:
-Факултативен излет до Дубровник ( 20 евра );
-Факултативен излет до Котор, Тиват-Порто Монтенегро ( 10 евра );
-Пакет цена за излети до Дубровник и Котор-Тиват-Порто Монтенегро (25 евра );
-Влезници за посети;
-патничко осигурување
НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош; Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари. За овој аранжман важат општите услови за патување на организаторот.