НОВОГОДИШНИ ПАТУВАЊА
ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА во СОКОБАЊА

31.12 - 02.01.2025

 

Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена со 4 планини – од север Ртањ на 1560m надморска височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1.117m надморска височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална клима, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.

Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) како и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал.

Хотелот  Бањица се наоѓа во мирниот дел на Соко Бања, во близина на бањскиот парк и атрактивните пешачки патеки на почетокот на кањонот на реката Моравица и на 15мин. пешачење до центарот на Сокобања.

 

Програма на патување:

31.12.2024 (Вторник) Скопје-Сокобања Состанок на групата на паркингот на ВИП хотел во 05.30часот. Поаѓање за Сокобања во 06.00часот. Се патува преку Табановце со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања. Сместување во хотел Бањица, кој е сместен во прекрасна борова шума, на 15мин пешачење до цантарот. Слободно време. Прошетка низ поширокиот центар на Сокобања (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..).Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за одмор.

Вечерта дочек на Новата Година во хотелот, со забавна музичка програма и богато мени. Ноќевање.

01.01.2025-(Среда) Сокобања Појадок. Организирано дружење во центарот на Соко бања  (Башта отвореног срца). Враќање во хотел. Ручек.  Слободно време за индивидуални активности или можност за посета на термалните базени во Соко Терме. Вечерта организирана свечена вечера во хотелот. Ноќевање.

02.01.2025-(Четврток)-Сокобања-Скопје Поајадок. Во 10.00ч. одјавување од собите. Слободно време за индивидуални активности. Во 12.00ч. поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија во  доцните попладневни часови.

Хотел Бањица 4*

ПРОМО ЦЕНА 279 € по лице (17.299 мкд)

РЕДОВНА ЦЕНА 299 €  по лице (18.540 мкд)

 

Цената на аранжманот вклучува:

*Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

*2 ноќевања со појадок, ручек и вечера

*Две свечени вечери на 31.12 (трубачи  и лотарија) и на 01.01, со богато мени со музичка програма

*Неограничени  домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци на 31.12.24

*Организирано дружење во центарот на Сокобања

*Користење на џакузи базенот

*Организација и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

*Здраствено и патничко осигурување (200мкд)

*Индивидуални трошоци (влезница за во термалните бањи)

Мени за свечена вечера:

31.12- Новогодишна закуска, пита со павлака, шницла Бањица, свинско и јагнешко печење, салата од свеж зеленчук, новогодишна торта

01.01-Ордевер Бањица, похован кашкавал со татар сос, 3 парчиња месо на скара, салата од свеж зеленчук, баклава или тулумба

 

Попусти:

·         Деца до 12год, во 1/3 или 1/4 соби со новогодишно мени -50% попуст

      Намалување за сопствен превоз -10€/ 620мкд

 

Напомена:

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 7 дена пред тргнување.

·         За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

·         Резервација се прави со авансна уплата од 50% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање

  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultrafirst или lastminute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

·         Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

·         Пасошот или личната карта треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето