Сигурна реализација!!!
Термин: 27.11- 03.12.2026
ГРАДСКА ТУРА И ПУСТИНСКО САФАРИ - ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА!!!
ДУБАИ – ДОЖИВЕЈТЕ ГО ГРАДОТ ОД СОНИШТАТА!
Подгответе се за незаборавно патување во една од највозбудливите дестинации во светот!
Дубаи е местото каде луксузот, модерната архитектура, сончевите плажи и автентичната арапска култура создаваат совршена комбинација за одмор исполнет со незаборавни моменти.
Опуштете се на прекрасните плажи, прошетајте покрај блескавите облакодери, уживајте во шопингот и откријте ги најпознатите атракции на градот.
Дубаи не е само патување, туку искуство кое се памети!
Не ја пропуштајте можноста да создадете спомени од вашето следно патување. Резервирајте навреме и дозволете ни да ви го претвориме Дубаи во незаборавна приказна!
1 Ден Состанок на групата на аеродромот во Скопје во попладневните часови. Лет за Шаржа со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Дубаи, наредниот ден во раните утрински часови.
2 ден По слетувањето во Дубаи во раните утрински часови, трансфер до хотелот во Дубаи, влез во хотелот. Слободно време до трансфер за пустинско сафари- излет вклучен во цената. Адренслинско доживување какво до сега не сте доживеале никаде во светот. Лудо возење по високите пустинските дини, магични слики и бордање на песок, сликање со камили, слики со традиционална арапска облека и цртање со к’на се само дел од активностите кои ќе ги искусиме. По возењето, посета на импровизиран бедуински камп и вклучена вечера со традиционални танци, стомачен танц, дервиши, фрлачи на оган и што ли уште не. Враќање во хотелот. Ноќевање.
3 ден Појадок во хотелот. Излет: разглед на Дубаи (вклучен во цената). Овој ден е наменет за уживање во убавините на Дубаи. Посетата ја започнување со “Zaabel Palace” – официјалната резиденција на кралската фамилија “Al Maktoum”, посета на музејот на иднината (без вклучена влезница), посета и сликање до џиновската рамка “Dubai Frame”. Прошетката ја продолжуваме кон стариот дел на Дубаи Бастакиа, каде што ќе ги видиме традиционалните куќи на некогашните номади. Крикот го поминуваме со традиционалната абра (чамец) и стигнуваме до пазарот за злато и зачини, Овде, покрај неодоливите ориентални мириси од зачините и парфеми, во овој дел ќе го видиме и најголемот златен прстен во светот кој уште во од 2000-та година, гордо го држи гинисовиот рекорд за најдолем златен прстен во светот. Разгледот продолжува кон Етихад музејот и следна станица ни е џамијата “Al Farooq Omar Bin Al Khattab”. Правиме неверојатни слики со фамозниот хотел сидро “Burj Al Arab” и со монореил се возиме се до Палмата и познатиот хотел “Atlantis The Palm” . Следна дестинација ни е “JBR skyline from Palm Jumeirah” од каде правиме слики од милион долари: Дубаи Марина, дел од градот каде можете да ги најдете најексклузивните ресторани и клуб плажи. И како последна станица но не помалку интересна “” Dubai Мall”, познатиод трговски центар со преку 1200 продавници, ќе ги посетиме познатиот водопад, Дубаи аквариумот (без влезница), стаклениот прозоред и неверојатните танцувачки фонтани како и фантастилната “Burj Khalifa”- највисоката кула во светот . Враќање во хотелот. Ноќевање.
4 ден Појадок во хотелот. Можност за факултативна, индивидуална посета на “Miracle gardens” и “Global village”, како и искачување на “Burj Khalifa”- највисоката кула на светот.
“Burj Khalifa”- искачете се на највисоката кула во светот се до 124 кат. Имајте го цел Дубаи на дланка од височина на облаците.
“Miracle gardens” - магични цветни градини кои пленат со неверојатната цветна изложба. Тука ќе видиме уште еден гинисов рекорд, авион во природна големина направен од милиони цветови.
“Global village” – огромен панаѓур со хали од различни делови од светот, декорирани и изведени како да влегувате во секоја од државите која ја претставуваат. Враќање во хотелот. Ноќевање.
5 ден Појадок во хотелот. Факултативна индивидуална посета- ден за ужување на некоја од познатите плажи. Во вечерните часови, можност за факултативен излет крстарење по Марината со вклучена вечера. Магичен призор на Дубаи од вода, вклучена вечера со танцувачи, стомачни танчери... Враќање во хотелот. Ноќевање.
6 ден Појадок во хотелот. Индивидуална, факултативна посета на “Madinat Jumeirah”- мала Венеција, место за релаксација каде што ќе ги вкусите најубавите цимет ролнички или торта од пекан ореви и ќе го испиеме кафето со најубавиот поглед кон “Burj Al Arab”. Во попладневите часови, ужување на некоја од плажите во Дубаи.
7ден Појадок во хотелот. Одјавување од хотелот во раните утрисни часови и трансфер за аеродромот во Шаржа. Лет за Скопје со преседнување во Истанбул. Слетување во Скопје во претпладневните часови.
|
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 689 € ( 42.718 MKD) |
|
ДОПЛАТА ЗА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА: 240 € (14.880 МКД) |
|
3 то лице/ дете постаро од 2 год. на дополнително леглно: 669 € ( 41.478 мкд) |
Цената вклучува:
- Авионски билет на релација СКопје-Истанбул-Дубаи-Истанбул-СКопје.
- Рачен багаж од 8 кг. по лице со димензии 55x40x23.
- 20 кг чекиран багаж по лице.
- Трансфер аеродром Шаржа-хотел Дубаи-аеродром Шаржа.
- 5 ноќевања во хотел со 4* на база ноќевање со појадок.
- Излет - разглед на Дубаи со вклучени 18 неверојатни места за посета и фотографирање.
- Пустиснко сафари со вклучена вечера.
- Претставник и локална асистенција за време на екскурзиите.
- Организација и реализација на патувањето
Цената не вклучува:
- Дополнителен багаж (за цена и подетални информации, ве молиме контактирајте ја агенцијата)
- Факултативни излети
- Индивидуални трошоци
- Патничко осигурување
- Останати услуги кои не се наведени во програмата
Останати факултативни излети:
Екскурзија Абу Даби 65 еур – на англиски јазик јазик (shared)
Kрстарење по Дубаи Марина 50 еур
Burj Khalifa 124 кат влезница 65 еур
Miracle Garden и Global Village влезници 50 еур
Dubai frame влезница- 35 еур
The View Palm Dubai влезница- 40 еур
Global village + Miracle Garden (без трансфер)- 35 еур
Inside Burj Al Arab Tour with Golden Karak Tea- (без трансфер)- 110 еур
Dubai Aquarium & Underwater Zoo – посета на Penguin Cove - (без трансфер)- 46 еур
House of Hype Dubai Mall- (без трансфер)- 46 еур
Aya Universe(без трансфер)- 36 еур
Dubai Safari Park- (без трансфер)- 42 еур
Aquaventure Waterpark (Atlantis Aquaventure) - (без трансфер)- 79 еур
Dubai Parks and Resorts- (без трансфер)
One Park Pass (LEGOLAND или MOTIONGATE или LEGOLAND Water Park или Real Madrid )- - 78 еур
Two Park Pass (LEGOLAND или MOTIONGATE или LEGOLAND Water Park или Real Madrid )- 92 еур
Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 20 лица. Цените се дадени на база на моменталните располжливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација. Цените се дадени како пакет, по лице, за сместување во двокреветна соба за мин. 2 возрасни лица, и истите се изразени во евра, за уплата во денарска противредност по курс 62 мкд. Цените на влезниците за локалитетите се од информативен карактер и истите можат да се променат. Правото на промена на цената ја има исклучиво самиот локалитет кој ги продава влезниците. Факултативните излети се со задолжителна резервација најдоцна до две недели пред почетокот на патувањето. Екскурзиите се креирани за минумум 15 лица, доколку минималниот број на лица не биде исполнет, агенцијата го задржува правото да ја промени цената на истите или да ги откаже и да понуди алтернатива.
Напомена и општи услови: