НОВОГОДИШНИ ПАТУВАЊА
ИСТАНБУЛ
авионска
програма, 3 ноќевања
Престолнина на империи, град кој владее два континента, средиште на цивилизации и култури - се само неколку од многуте дефиниции за Истанбул. Неограничената убавина на Истанбул е тоа што ги привлекува посетителите - безбројни музеи, цркви, џамии, базар, природни убавини. Додека уживате во зајдисонцето седнати покрај Босфорот и ги набљудувате пригушените светла на другиот континент, ќе сфатите зошто токму Истанбул е еден од највеличествените градови во светот.
За овој град кој пет пати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град нема да Ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете сѐ за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и сѐ така до недоглед…
1 ден 29.12.2024
(недела) Состанок на групата на
аеродром два часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 08:45 часот
со број на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:20 часот и организиран
трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Предлог –Посета на некој од познатите
трговски центри, како на пример Форум, со можност за посета на Аквариумот, шопинг
во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот
со повеќе од 3000 продавници; посета на трговскиот центар Sapphire, сместен во
највисоката зграда во Европа (236 м), со прекрасна панорамска глетка на
Истанбул- Витуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино; посета на Karakoy
- место со многу улички и кафетерии, една од нив е познатата улица на чадорите.
Ноќевање.
2 ден 30.12.2024 (понеделник) Појадок. Во 08.30 часот (факултативно) посета на Ортакој, една
од најшармантните области во Истанбул, позната по бројните кафулиња, галерии,
историски објекти. Посета на Ушкудар,
каде ќе може да се посети Кузунџук
во азискиот дел на градот, населена област со колоритни дрвени куќи, калдрма и
секако, омилено место за снимање турски серии. Посета на ридот Чамлиџа, едно од омилените места за
рекреација на локалците, и кулата, од која може да уживате во прекрасен
панорамски поглед на Босфорот. Организирана
посета (со доплата) на Моминската
Кула, еден од највпечатливите симболи на Истанбул. Враќање во хотел. Попладне
(факултативно) организиран трансфер
до брод, каде ќе може да уживате во предновогодишна турска вечер – ноќно крстарење
по Босфор со вклучена вечера, пијалок и забава. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден
31.12.2024 (вторник) Појадок. Во 08.30 часот организиран разглед на градот со
стручен водич – пешачка тура:
прошетка по Султан Ахмед Плоштадот и Византискиот Хиподром. Прошетка до Топ
Капи Палатата (Султановиот дворец опкружен со море од сите страни – музеј со непроценлива колекција на
споменици и уметнички дела, во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и
најголемиот дијамант на светот);Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија
поради своите бои (сина, зелена и бела, последна импресивна градба на
Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња); Аја Софија
(црква, џамија, музеј... и повторно џамија. изградена во 6-от век е подигнато
од византискиот цар Јустинијан); Влез во цистерната Базилика – музеј познат по
своите столбови – во времето на Византија оваа подземна цистерна го снабдувала
Цариград со вода. Враќање во хотел. ПРЕДЛОГ
- ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено, на некој од плоштадите на Истанбул
(индивидуално). Ноќевање.
4 ден
01.01.2025 (среда) Појадок.
Одјавување од хотел. Во 09.00 часот (факултативно)
Прошетка и посета на Балат и Пиер Лоти , една од најстарите
и најспектакуларните области во Истанбул, препознатлива по историските градби и
калдрмата. Посета и влез на Цариградската Патријаршија позната и
како Вселенска Патријаршија , една од 14-те автокефални православни цркви. Посета
на Галата Кула - средновековна кула
сместена во населбата Галата во близина на Златниот Рог. Слободно време за
ручек. Организиран трансфер до аеродром во 16:00 часот. Полетување за Скопје во
20:25 часот со број на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:55 часот.
ЦЕНА 429 € ( 26.600 денари) за резервации до 30.10.2024 |
Во
цената се вклучени следниве услуги:
· Авио билет Скопје – Истанбул - Скопје на Turkish Airlines со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж
· Организиран трансфер: аеродром – хотел - аеродром
· 3 ноќевања со појадок Hotel ORAN 4* во срцето на градот – www.oranhotel.com
· Организиран разглед – пешачка тура со стручен водич
· Организација и пратител на патувањето
Во цената не се вклучени следниве услуги:
· Влезница за Цистерна Базилика – 30 €
· Посета на Ушкудар, Кузунџук и Чамлиџа - 50 €, со трансфер и водич (влез во Чамлиџа се плаќа дополнително)
· Посета на Моминска Кула – 40 €
· Вечера на брод - 65 € по лице, со вклучен трансфер, вечера и пијалоци на бродот
· Посета на Цариградската Патријаршија, Балат, Пиер Лоти, Галата кула - 50 € со трансфер и водич (доплата за жичарата на Пиер Лоти 10€)
· Патничко и здравствено осигурување
Важна напомена:
· Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62 мкд)
· За влез во Р. Турција потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци
· Пријавувањето и уплатата за факултативите се врши во агенција, најкасно 15 дена пред тргнување
· Краен рок за пријавување 15.12.2024. Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
· Разгледите зависат од договор и временски услови на лице место и можеби нема да се одвиваат според горенаведен редослед.
· За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
· За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 20 патници
· За овој аранжман важат општите услови на патување на организаторот