ЕСЕН 2023 ВО ЈОРДАН

ГОЛЕМА КРУЖНА ТУРА: Акаба – Вади Рум – Петра – Мадаба – Небо – Аман – Џераш – Аџлун - Мртво море  

 

ТЕРМИН на поаѓање:
-      10.11.2023–17.11.2023


ЈОРДАН со официјален назив Хашемитско Кралство Јордан со векови ги воодушевува посетителите со своите градови, пустинските пејзажи кои инспирираат и локалитети под заштита на светско културно наследство. Ова е авантура која ќе ве одведе до драматичен црвен песок на југ, карпести рамници со вулкански базалт на исток, брда со маслинови стебла на север па се до најниската точка на Земјата – Мртво Море.
 

Петра  своевремено била главен град на арапското Набатејско царство, центар на трговијата, место за одмор на карваните, a развојот на градот продолжил и за време на Римското царство. Од западниот свет е откриена дури 1812 год., кога ја открил швајцарскиот пронаоѓач Johan Ludvig Burhardt. Под заштита е на УНЕСКО. Од 5. до 3. век п.н.е. градот бил важно трговско средиште, а од трите страни на светот бил неосвоив, поради тоа што е исклесан во карпите, опколен со стрмните падини и во него се влегувало низ кривулест теснец. Бил единствено место помеѓу Јордан и Централна Арабија каде не само што ја имало водата во изобилие, туку била позната и по својата бистрина. На тој начин Набатејците ја направиле Петра важна алка во трговскиот ланец од која живеела Јужна Арабија. Како поморскиот пат кон Индија станувал се попознат, карваните се повеќе оделе на север кон Палмира и тогаш почнала да го губи значењето. Развојот на градот продолжил и во времето на Римското царство и најголемата слава ја имала во првиот век на новата ера. 105-та год. била кобна за Петра, кога Рим, под Трајанова управа, ги укинува нејзините привилегии. Сочувани се околу 800 градби, обележени со набатејските, грчко-хеленистичките и римските влијанија. Ризница – на излезот од клисурата се наоѓа најверојатно најпознатата градба на Петра, Khazne al-Firaun. Изразот “градба” и не е најсоодветен, бидејќи објектите не се градени, туку се вклесани во карпите. Бедуините ја викале “Ризница на фараоните”, но таа е само една од многубројните гробници во Петра.

 

Вади Рум, позната и како Долина на месечината, сместена во јужен Јордан, 60 км од Акаба, во близина на границата со Саудиска Арабија, во која се наоѓаат разни пустински предели со лепезата на тесните клисури, природни лакови, вртоглави литици, клизишта и пештери. Петроглифи, натписи и археолошки остатоци пронајдени на ова подрачје сведочат за 12.000 години човечка населеност. Името Вади Рум веројатно потекнува од арапскиот збор wadi (uadi) што значи “долина” и арамејскиот корен рум, што значи “издигната” или “висока”. Највисокиот врв е Ум Дами висок 1800 метри. Особено се вредни неговите 25.000 резбарии и 20.000 натписи во карпи, со што може да се прати еволуцијата на човечката мисла и раниот развој на писмото.

 

ПРОГРАМА

8 дена / 7 ноќевања

Авионска програма со поаѓање од Софија

 

ДЕН 1   Софија – Акаба Полетување од Софија со директен чартер лет. Пристигнување на аеродром во Акаба, средба со претставник на локалната агенција. Сместување во хотел во Акаба. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 2   Акаба  Слободен ден за плажа и екскурзии. Појадок. Слободно време за плажа или по желба полудневна екскурзија – снорклинг, нуркање во топлите тропски  води на Црвено море. Вечера.

ДЕН 3  Посета на Петра – Акаба Појадок. Посета на древниот набатејски град Петра – едно од седумте светски чуда и под закрилата на УНЕСКО. Посета на градот до кој води километарски процеп низ карпите – ќе се видат неговите храмови, гробници, олтари и улици со колонади. Вечера. Ноќевање во Акаба.
ДЕН 4  Акаба – Вади Рум Појадок. По појадокот се упатуваме кон јужен Јордан за да ја посетиме мистериозната пустина Вади Рум која домаќините ја нарекуваат ,,Долина на месечината“.
Ќе ја разгледаме пустината со двочасовно патување со отворени џипови. Вечера во Вади Рум. Ноќевање.
ДЕН 5   Мадаба – Небо – Аман  По појадокот следува посета на Мадаба – град познат по мозаиците на Ерусалим и Светата Земја од 6ти век, прошетка
до православната црква „Свети Ѓеорги“ (не се влегува). Планината Небо, спомната во библијата како место каде Мојсеј ја виде  Ветената Земја. Од врвот ќе ја видиме неверојатната панорамска глетка кон реката Јордан, Мртво Море и Ерусалим. Вечера. Ноќевање во Аман.
ДЕН 6  Аман – градска тура - Џераш – Аџлун – Аман По појадокот следува градска тура низ Аман – престолнината на Јордан. Посета на Цитаделата – археолошки остатоци од древните грчки и римски  периоди. Посета на Храмот на Херкулес и Музејот на Цитаделата со статуетките Еин Газал, изработени пред повеќе од 6500 години. Посета на Античкиот  театар. Панорамски разглед на Аман со автобус – Стариот пазар Сук, Дворецот на кралот џамијата на Абдула, со фото паузи. Потоа се упатуваме во посета на древниот римски град Џераш – улици и колонади, амфитеатри, плоштади, римски бањи, фонтани … Продолжуваме кон северен Јордан за посета на еден од најважните историски објекти на Блискиот исток – Аџлун. Замокот Ajloun (Qal’at Ar-Rabad) е прекрасен пример за исламска архитектура, изграден во 1184 г за да дејствува против напредувањето на крстоносците и како заштита на патиштата помеѓу Јордан и Сирија. Вечера. Ноќевање во Аман.
ДЕН 7  Аман – Мртво море – Акаба По појадокот продолжуваме кон Мртво море, најниската точка на земјата, длабоко во долината на реката Јордан и на 55 км југоисточно од Аман. Слободно време за плутање во морето, мачкање со кал, фотографирање. Само опуштете се во водата, ќе почувствувате како лебдите, како вашето тело воопшто да нема тежина... Ноќевање во Акаба .
ДЕН 8  Акаба – Софија Појадок. Трансфер до аеродром Акаба. Полетување Акаба – Софија

ЦЕНА 990 € (61.400 денари)

 

Цената е по лице, во стандардна соба на база појадок и вечера, со вклучени аеродромски такси. Плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден.

Цената е по лице и вклучува:

·       Авио билет Софија – Акаба – Софија со вклучени аеродромски такси;

·       Рачен багаж (40/30/20 см.) и 20 кг чекиран багаж;

·       4 ноќи во Акаба на база полупансион во хотел Baity Boutique 4* или сличен ;

·       2 ноќи во Аман на база полупансион во хотел Mena Tyche 4* или сличен;

·       1 ноќевање во Вади Рум на база полупансион во Hassan Zawaydeh camp;

·       Џип сафари во Вади Рум 

·       Целодневна екскурзија до Петра;

·       Посета на Мадаба, Небо и Мртво море;

·       Градска тура во Аман, посета на Џераш и Аџлун.

·       Трансфери со комотни климатизирани автобуси за време на целата рута;

·       Водич на бугарски јазик за време на целата рута;

·       Сите влезници за посета на објекти за време на турите;

Цената не вклучува:

·        Екскурзија Акаба – со нуркање (снорклинг) во Црвено море – цена 64 еур;

·        Бакшиш за возачите и водичите околу 30 $ по лице

·        Пијалоци за време на оброците;

·        Индивидуални трошоци;

  • такса за гориво /задолжителна доплата во агенција / Се објавува 21 ден пред поаѓање

Во цената на пакетот не се вклучени  такси и други дополнителни трошоци кои не можат да се пресметаат пред склучувањето на договорот а постои можност да се платат како на пр. туристички такси, градски такси, такси за слетување или трансфер до или од пристаништа и аеродроми, цената на влезните билети за туристички места, музеи, бродови, фериброд, користење на јавен превоз во некои градови итн. Важна напомена: Доколку дојде до драстично зголемување на цената на горивото од денот на објавување на програмата,  истата ќе биде корегирана и со задолжителна доплата (дваесетина дена пред поаѓање).

 

Авиокомпанијата го задржува правото на промена на времето на летање

 

Гранични процедури и COVID – 19 протоколи

Во моментот се влегува слободно, без тестови и вакцинални сертификати.

Влезна виза за Кралство Јордан е вклучена во цената.

Претставник на партнер агенцијата на излез од авионот ќе ги подигне пасошите, ќе ги заврши визните формалности, а потоа ќе ги насочи туристите во делот за подигање на багажот.

 

Услови за резервација:

Депозит 50% при резервација

Доплата 30 денa пред поаѓање

Документи за патување се издаваат 5 дена пред полетување

 

Пенали за отказ од страна на патникот:

До 24 часа од направена резервација не се наплаќаат пенали

До 30 дена пред поаѓање се наплаќа 50 еур пенали по лице

До 21 ден пред поаѓање се наплаќа 30% пенали

Од 21 – 1 ден пред поаѓање пеналите за отказ се 100%

 

ОПИС НА ЕКСКУРЗИЈА АКАБА со нуркање (снорклинг) Цена: 64 еур по лице. Полудневно крстарење со брод, нуркање во Црвено море и неговите мистериозни длабочини. Нуркањето во Црвено море е слично како да се спуштате во некој огромен аквариум бидејќи водата е толку чиста што дури од бродот можете да набљудувате калеидоскоп од бои на риби и корали. Трансфер до Акаба.

Цената вклучува: транспорт со автобус, билет за брод и снорклинг.

Цената не вклучува: разгледи и трошоци од индивидуален карактер.