ЈОРДАН - НОВА ГОДИНА 2023
АМАН • МРТВО МОРЕ • ПЕТРА • ВАДИ РУМ • АКАБА
Групно празнично патување со лет од
Скопје и богата програма со вклучени разгледи, посети, тури... А новогодишната
вечер - под ѕвезденото небо на мистериозната пустина Вади Рум!
26.12.2022 - 02.01.2023
Авионски
лет: Turkish Airlines (Скопје –
Истанбул – Аман | Акаба – Истанбул – Скопје)
Поаѓање: 26.12.2022 во 20:45ч. (Скопје) Пристигнување: 26.12.2022 во 04:40ч. (Аман)
Услуга: 6 ноќевања – 5HB + 1 BB
Сместување (услуга) 3 ноќи Аман 4* (ноќевање со појадок / полупансион)
1 ноќ Мртво Море 4* (полупансион) 1 ноќ Петра 4* (полупансион) 1 ноќ Вади Рум
4* (полупансион)
Друго
вклучено: Трансфери + вклучени
разгледи според програма + претставник од Македонија Враќање во Скопје: 02.01.2023 во 07:55ч.
1 ден: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – АМАН Состанок на патниците нa Скопскиот аеродром според претходно договорено време и полетување за Истанбул во вечерните часови. Пристигнување во Истанбул пред полноќ и полетување за Аман со лет TK814.
2 ден: АМАН – ЏЕРАШ Пристигнување во Аман окулу 03.50 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, пречек од страна на локален партнер и трансфер до 4* хотел. Сместување во соби. По одморот и појадокот продолжуваме со разглед на Аман, престолнината на Кралството Јордан. Ќе се запознаеме со културата на Хашемитското кралство, со посета на Цитаделата, Римскиот театар, старата џамија, но и со посета на новиот модерен дел на Аман. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
3 ден: АМАН – ЏЕРАШ По појадокот, се упатуваме кон Џераш, градот кој своето златно време на цивилизација го доживува за време на Римското царство, кога е познат и како Гераса, а денес претставува официјално еден од најдобро зачуваните провинциски градови на Римската империја, сокриен со векови под златните песоци на Јордан пред повторно да биде откриен и достапен на светската јавност. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
4 ден: АМАН – МАДАБА – НЕБО – МРТВО МОРЕ По појадокот, со спакуван багаж се упатуваме кон нови возбудливи дестинации. Посета на Мадаба, оддалечена 30 км од Аман, а која се протега крај Кралскиот пат, стар 5000 години и претставува една од најзначајните локации во оваа Света Земја. Откако ќе одминеме неколку меѓусебно поврзани градови, стигнуваме во Мадаба, позната како Градот на Мозаиците. Од таму го продолжуваме нашето патување до Планината Небо, една од најзначајните локации за верниците од целиот свет, место каде пророкот Мојсие е погребан. Од таму се упатуваме кон реката Јордан и местото на Исусовото Крштевање, по што одиме на брегот на Мртвото море, најниската точка во светот каде што ќе имате можност да уживате во благодетите на солената лековита вода. Сместување во хотел на Мртво Море, вечера и ноќевање.
5 ден: МРТВО МОРЕ – ПЕТРА По појадокот, со спакуван багаж, се упатуваме кон „Розевиот Град“ Петра, најубавиот град некогаш изграден од човечка рака на Набатејците, а целиот вдлабен во карпи. Посетата започнува со прошетка до Сик, најпознатиот теснец во светот, овековечен и во голем број на филмови, влезот на градот Петра кој нуди неверојатни пејзажи и искуство кое се памети. Додека шетате долж 1 км долгата патека, над вас бдеат карпите високи и повеќе од 80 м. Боите кои се прелеваат и убавината која природата ја дарила на ова место, се едни и единствени. Кон крајот на Сик, пред нас ќе се појави најспектакуларната глетка, Ал Казнеа (Трезорот) - едно од најфотографираните места во светот. Прошетката низ Петра продолжува покрај улицата на фасадите, кралските гробници, театарот, судницата... Вкупната должина е окулу 4км по правец. По разгледот, враќање назад кон излезот од локалитетот и трансфер до хотелот во Петра, односно во местото Wadi Musa - денешниот населен град каде што се наоѓа локалитетот Петра. Вечера и ноќевање во хотел во Петра.
6 ден: ПЕТРА – МАЛА ПЕТРА – ВАДИ РУМ По појадокот се одјавуваме од хотелот и се уптатуваме кон посета на локалитетот Мала Петра која исто така плени со својата мистериозност. Патувaњето продолжува до магичниот Вади Рум (Месечева Долина), пустина која според археолозите била населена во праисторискиот период. На пат кон Вади Рум посета на Седумте Столбови на Мудроста, именувани од Лоренс од Арабија. Сместување во хотел. Слободно време. Прослава и дочек на новата година во самиот хотел со новогодишна вечера (дополнителни информации за прославата 15 дена пред поаѓање). Единствена можност за ноќевање во пустина со неверојатни погледи кон звезденото небо.
7 ден: ВАДИ РУМ – АКАБА По појадокот, заминуваме на 2 часовно возење со 4×4 џипови низ пустината. Продолжуваме кон прекрасниот природен лавиринт од монолитски карпи, на некои места високи и по 1750 м, идеални за планинарење и спортско качување. Гостите може да уживаат во мирните прошетки по непрегледната долина на карпести формации, да ги откријат кањоните и цртежите во карпите стари и по 4000 години. Го продолжуваме патувањето кон Акаба - единствениот град во Јордан кој има излез на море, а воедно претставува бесцаринска зона - град фришоп. Панорамси разглед на Акаба. Сместување во хотел за одмор и освежување пред времето предвидено за трансфер доцна вечерта. Слободно попладне и вечер за одмор, индивидуални активности, прошетки и шопинг низ Акаба.
8 ден 26.04: АКАБА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ Одјавување на собите во хотелот во Акаба и организиран трансфер до аеродромот. Полетување кон Истанбул со лет ТК 819 во 04:30. Слетување во Истанбул. Продолжување на летот кон Македонија со TK 1003 кон Скопје во 08:25. Слетување во Скопје во утринските часови.
ПРОМО ЦЕНА (по
лице во 1/2 соба) за резервации до 30.11.22 1.495
€ / 92.690 мкд |
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
Повратни авионски билети
од Скопје до Аман и од Акаба до Скопје преку Истанбул со Turkish Airlines.
Аеродромски такси и чекиран
багаж 30кг + рачен багаж.
Трансфер според
програмата
5 ноќевања во Хотели со
4* на база полу пансион
1 ноќевање со појадок во хотел со 4*
Посета на сите наведени локации во програмата со вклучени влезници
Возење со џипови во траење од 2 часа во пустината Вади Рум
Јавање на коњи во Петра
локален професионален водич на Српскохрватски јазик
Виза за Јордан
Техничка придружба - пратител на групата, доколку брои над 15 патници
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
Дополнителни оброци и пијалоци кои не се наведени во програмата.
Задолжително патничко осигурување
Евентуални факултативни излети организирани на лице место
Бакшиш за локалните возачи и водичи во висина од 45 еур по лице
Задолжителна доплата за новогодишна вечер - 115€
ЗАБЕЛЕШКИ: • Минимален број на патници за реализирање на програмата е 20 лица • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, да ја корегира цената или да изврши промени во аранжманот. • За резервации потребен е аванс од најмалку 30% од вкупнот износ. • Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред почеток на патувањето. • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини. • Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на аранжманот доколку дојде до промена на цените на авионските билети, или доколку настане поголема промена во девизниот курс.